• Latest

Дрвја стари од 60 до 80 години исечени на Шар Планина во зоната на активно управување

March 1, 2024

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Дрвја стари од 60 до 80 години исечени на Шар Планина во зоната на активно управување

March 1, 2024 18:33
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Дрвја стари од 60 до 80 години се исечени на подрачјето на Националниот парк „Шар Планина“, за што пред два дена беа приведени две лица.  Од Национален парк „Шар Планина“ информираа дека станува збор за букови дрвја кои се наоѓале во зоната на активно управување во атарот на Бродец.

-Местото каде се затекнати лицата е на катастарска парцела број 916, место викано Црни Врв, култура шума, сопственост на Република Северна Македонија. Според зоните за заштита, местото се наоѓа во зоната на активно управување во рамките на Националниот парк „Шар Планина“. Насадот во кој е извршена бесправната сеча е квалитетна едновозрасна букова шума на добри месторастежни услови, со возраст од 60 до 80 години. Според спецификациите, во моментот кога се затекнати на лице место, лицата имаа соборено и вршеа обработка на 4 букови стебла со вкупна дрвна маса од 2,07 м³, која дрвна маса обработена во сортименти со должина од 1 метар, погодни за огревно дрво, се наоѓаат на местото на сечата. Дрвната маса од бесправно посечени стебла во радиус од околу 100 метри е 77,18 м³ или 142 букови стебла, соопшти Национален парк „Шар Планина“.

Тие сметаат дека низ пошироката околина, која некогаш претставувала висококвалитетен шумски комплекс со голема површина, видливо е дека слични бесправни сечи се вршени пред прогласувањето на подрачјето за Национален парк.

– Чуварската служба на ЈУНПШП направи обиколка на пошироката околина, при што беше евидентирана многу поголема штета. Ова како последица оставило деградирана шума, разбиен склоп, расфрлана недоработена дрвна маса која е неупотреблива и со загубен технички и калоричен капацитет. Не се забележливи никакви ознаки за организирана сеча, што значи дека сите овие активности се одвивале бесправно, се вели во соопштението на НП „Шар Планина“.

Вработените во паркот ги забележиле двајцата жители околу пладне, додека СВР Тетово информираше дека на 28 февруари во 15 часот и 30 минути ги лишиле од слобода М.Р.(60) и З.И.(58), двајцата од тетовска Шипковица.

Tags: дрвјаШар Планина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ