• Latest

Државата е должна да го забрза признавањето на европските и другите квалификации од странство, а не да го успори: Проект за застапување за инклузивен развој

August 23, 2024
Национален совет за евроинтеграции (Фотографија: Собрание на РСМ)

Рокас пред Националниот совет: Европската перспектива е жива, но без владеење на правото нема напредок

July 23, 2026

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Државата е должна да го забрза признавањето на европските и другите квалификации од странство, а не да го успори: Проект за застапување за инклузивен развој

August 23, 2024 11:25
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Високото образование во земјава постојано се запоставува. Не се препознава неговата клучна улога во поглед на прашањата на економскиот развој и севкупниот Кластер 3 на реформи, каде што напредното образование, иновација и економија се врзуваат во природна целина, вели проф. Катерина Колозова од Институтот за општествени и хуманистички науки (ИОХН).

Форум за разумни политики (ФРП), заедно со ИОХН и Балкански институт за регионална соработка (БИРС), го спроведува проектот „Застапување за инклузивен развој“ посветен на поттикнување реформи во високото образование, финансиски поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата ЦИВИКА Мобилитас.

Од видеото кое ги објаснува главните наоди и пораки што произлегуваат од проектот, може да се издвои една алармантна состојба. Имено, државата е должна да го забрза признавањето на европските и другите квалификации од странство, а не да го успори, се вели во извештаите на конзорциумот од организации што го спроведуваат проектот. Бавните „нострификации“ дополнително ги одвраќаат младите од нашата земја по нивното дипломирање во Европа.

Целта на проектот е да се зајакне свеста на стручната и пошироката јавност за важноста на Болоњскиот процес и неговата доследна примена, особено за неговата темелна вредност – мобилност, како предуслов за мерлива примена на интерсекторското планирање на високо-образовната и научна дејност со економската област, разбрана според принципот на „двојната транзиција на ЕУ“ – дигитална и зелена.

„Целта ни е во овој процес да ги вклучиме претставниците на институциите кои се искусни, со прогресивен поглед и со кои делиме вредности – со што ќе направиме Форум на соработка, каде што мониторираните институции се истовремено и монитори на промените. И обратно – каде граѓанското општество и академската сцена ги тестираат своите визии за промени на политиките“, изјави неодамна проф. Колозова за порталот КПД неодамна, говорејќи за проектот и за итната потреба од реформи во високото образование.

Законот, правилниците и политиките во земјава не го препознаваат овој момент во европското редефинирање на иновацијата и економијата како „геополитичко“ оружје, ниту пак го препознаваат и читаат, а ниту го разбираат фактот дека вакво „престројување“ се очекува и од Западен Балкан – ако не сака да остане економски изолиран, предупредува проф. Колозова.

Еден од најважните резултати што се очекува да ги даде проектот е одржливиот придонес кон креирање нова култура во граѓанскиот сектор и неговото разбирање на watchdog, односно мониторирање на институциите од кои се очекува – наместо да се однесуваат како непријателска новинарска критика – да се базираат на соработка врз база на компетенции за анализа и креирање политики. Проектот е во тек и се очекува да заврши во септември 2026 година.

Џ. Д.

Tags: Болоњависоко образованиенострификација
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ