Доколку некои од вас, читајќи го насловот, помислија дека изјавата „Државата, тоа сум јас“ е дело на новата претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска – Давкова, предложена од ВМРО – ДПМНЕ, за жал, мораме да ве разочараме, не сте во право.
Иако вашата претпоставка има голема логика бидејќи за истата бевте поведени од фактот дека при нејзината посета на Ватикан, таа положи венец на гробот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методија, на кој не го пишуваше името на држава чиј претседател е, туку само „Претеседател Гордана Сиљановска – Давкова“, која при образложувањето ќе изјави: „Зошто не беше напишано? Како прво, тие лентите не се големи, … Немаше простор“(за името на државата, местото на лентата е ексклузивно резервирано за нејзиното име, бидејќи, ете, таа е побитна, односно, „таа е државата“), сепак…
Изјавата „Државата, тоа сум јас“, или во оригинал, на француски „L’État, c’est moi“ е најпознатата изрека на Луј XIV, кралот на Франција и Навара, познат како „кралот сонце“, кој тврдел дека тој бил директен претставник на Бога и затоа имал апсолутна моќ во неговото царство.
Луј XIV исто така беше познат по тоа што имаше немилосрдни испади во многу моменти од неговото владеење. Тој го подложи својот народ на сиромаштија за да го финансира својот раскошен и неактивен начин на живот, и уби или протера 2 милиони француски протестанти.
Д’Артањан од нашата земја