• Latest

Дескоска: Буџетот на МОН е ограничен, нереално е долговите да се вратат за една година

February 19, 2018

Со кое право барате отчет?

September 13, 2026

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 13, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Комуњарски-вмровци

September 13, 2026

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Десетици илјади на „Маршот за слобода“ во Приштина – собир што ги надмина партиските поделби

September 12, 2026

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
Одеса, 12 септември 2026

Продолжува рускиот терор против цивилите: Одеса под масовен напад, повредени 35 лица, меѓу нив и петмесечно бебе

September 12, 2026

Американската пошта развива избрзан и дефектен систем за гласачките ливчиња по наредба на Трамп, предупреди свиркач

September 12, 2026

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 12, 2026

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дескоска: Буџетот на МОН е ограничен, нереално е долговите да се вратат за една година

February 19, 2018 13:26
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Нереално е да се очекува дека долгови што се пластеле десет години некој ќе може да ги врати за една година. Многу училишта имаат блокирани сметки и наследени долгови, но буџетот на МОН е лимитиран, изјави министерката за образование и наука Рената Дескоска.

Најголем проблем е долгот за потрошена електрична енергија. Се обидуваат, рече, да направат репрограмирање на долгот што ќе значи договор за одложено исплаќање на долговите за да нема исклучување струја во училиштата и во студентските домови.

– Но проблем е и таквото договорање затоа што во добар дел сметките на училиштата и на студентските домови се блокирани. Тоа значи дека штом ќе дојдат средства на нивните сметки, тие се намируваат согласно на приоритетот на барањата што постоеле. Владата направи зголемување на блок-дотацијата за да ги зголеми средствата што им се исплаќаат на општините за подмирување на трошоците. Во неколку наврати минатата година им пуштивме средства на студентските домови со цел да платат дел од своите долгови. Гледаме секаде каде што ќе се ослободат средства да ги намениме за плаќање на заостанатите долгови. Но нереално е да очекувате дека сите долгови ќе бидат платени оваа година, истакна Дескоска одговарајќи на новинарски прашања при посетата на ОУ „Гоце Делчев“ во Центар.

Во врска со проблемите со инфраструктурата во училиштата, министерката истакна дека изненадува колку е таа лоша со оглед на тоа што, како што рече, во изминатите години постојано гледавме сечење ленти и промовирање капитални инвестиции.

– Направивме приоритети каде навистина ситуацијата е алармнатна и каде мора да има интервентно вложување. Разговараме и со градоначалниците за партнерско вложување во некои училишта со цел да се подбри состојбата. Тоа значи, финансирањето да биде дел од општината, дел од државниот буџет. Разговараме и со меѓународни донатори кои изразуваат желба да се вклучат во инфраструктурни проекти во општините во областа на образованието, додаде Дескоска.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: буџетдолговиМинистерство за образование и наука
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ