Во однос на некомуникативноста на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска со институциите, новинарите и другите градоначалници, градоначалникот на општина Шуто Оризари вели дека таа му посочила дека може да комуницираат преку службените мејлови.
„Вчера излеговме во толку голем број, масовно, да направиме протести пред Град Скопје, затоа што градоначалничката не наоѓа за сходно да комуницира. За жал, читаме секој ден по социјалните медиуми дека и други институции се жалат на слабата комуникација, па дури денеска излезе дека и вие, новинарите се жалите за тоа дека нема фидбек од градоначалничката. Секогаш кога ќе ја побарате, или го немате незиниот број, или не добивате одговор. Јас можам да го потврдам тоа, лично. Јас немам телефонски број од градоначалничката, а во еден разговор, кога побарав од неа да ме стави во некоја група каде што се сите градоначалници, или да ми даде нејзин број за комуникација, ми кажа дека можеме да комуницираме преку службениот мејл на Град Скопје.“, посочи Дудуш на панелот на ЦИВИЛ „Шуто Оризари, заборавена општина“.
Д. Тахири