ЦИВИЛ денеска ќе одржи панел дискусија на која ќе се отвори прашањето за постојаната дискриминација на општина Шуто Оризари од страна на институциите, со почеток во 11 часот, во ЦИВИЛ прес студиото кај бизнис центарот Палома Бјанка.
Учесници на панелот ќе бидат градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, лидерот на политичката партија ОПРЕ Рома, Тефик Махмут и Алберт Мемети од Ромалитико / АВАЈА. Модератор на панел дискусијата ќе биде Дехран Муратов, ЦИВИЛ.
Тема на панелот ќе биде вчерашниот протест на жителите на Шуто Оризари, кој ќе се одржа пред Град Скопје, на кој граѓаните го изразија своето незадоволство од системското игнорирање на општина Шуто Оризари од страна на Советот и раководството на Град Скопје.
1. До кога само граѓаните на Шуто Оризари ќе се корисници на недостојни автобуси, нередовни и нецелосни линии на јавниот превоз?
2. До кога граѓаните на Шуто Оризари ќе чекаат изградба на паркови и зелени површини?
3. До кога граѓаните ќе чекаат изградба на булевари и во општина Шуто Оризари?
4. Кога ќе се вработат Роми во администрацијата на град Скопје?, ова се само дел од прашањата кои беа упатени до градските власти.
Настанот ќе се пренесува во живо на онлајн каналите на ЦИВИЛ, Фејсбук и Јутуб.