„Падот на Украина би значел и пад на Европа. Украина три години ја води последната битка за стариот континент. Дали Европа е единствена во поддршката на Украина? Не. Денес се соочуваме со преговори за запирање на војната бе вклучување на Европа на чие тло се води таа војна. Светот е опасно место не поради оние што прават зло, туку поради оние кои гледаат и не прават ништо, се зборовите на Алберт Анштајн. Што ќе се случеше секогаш се прашувам доколку храбриот украински народ во овие три години не успееше да се одбрани? На ред ќе дојдеа и други европски земји, ќе се осоколеше агресорот“, изјави професорот Ратко Дуев на настанот по повод три години од отпорот на Украина против руската агресија, 24 февруари 2025 што се одржа во Јуроп Хаус Скопје / Делегација на ЕУ во Република Северна Македонија.
„За жал, булдожер дипломатијата за прифаќање на моменталната воена состојба како предлог за решавање на војната во Украина, ќе значи само привиден мир. Го видовме тоа со војните по распадот на Југославија. Секоја промена на границите е вовед во нови идни војни за ресурси и територии. Насилството е посебно засолниште за неспособните. Искрено се надевам дека кончено способните луѓе во европските земји ќе се освестат и ќе им застанат на патот на насилството на неспособните“, додаде Дуев во своето обраќање.
Б. Ј.