• Latest
проф. д-р Ратко Дуев, Декан на Филозофскиот факултет во Скопје (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Дуев: Руската агресија врз Украина јасно покажува дека децата сѐ повеќе се мети, а не случајни жртви

June 14, 2023
Фото: Скриншот ЦИВИЛ Медиа

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Дуев: Руската агресија врз Украина јасно покажува дека децата сѐ повеќе се мети, а не случајни жртви

June 14, 2023 13:08
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
проф. д-р Ратко Дуев, Декан на Филозофскиот факултет во Скопје (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

проф. д-р Ратко Дуев, Декан на Филозофскиот факултет во Скопје (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадата на Украина во Северна Македонија организираше настан и изложба за одбележување на Меѓународниот ден за заштита на децата и 4 јуни, ден кој Украина го одбележа во спомен на децата што загинаа како резултат на руската агресија во Украина. Настанот се одржа на 9 јуни во Музејот на макеоднската борба за самостојност.

Во продолжение излагањето на проф. д-р Ратко Дуев, Декан на Филозофскиот факултет во Скопје:

„Денес го одбележуваме Меѓународниот ден за заштита на децата, знаеме дека децата се една третина од населението во светот и целата негова иднина. Одбележувањето на овој ден означува дека сите ние јасно ја отфрламе војната, без оглед на причините што ќе ги измислат политичарите или медиумите, бидејќи војната е општо зло, војна против невините, војна против деца. Затоа мора да ги штитиме семејствата, да ги штитиме децата, кои имаат неотуѓиви права и треба да бидат сакани и не треба да се носат на свет само да страдаат. Ако ги негуваме соништата на децата, светот ќе биде благословен.

Јасно е дека децата сѐ повеќе се мети, а не случајни жртви на вооружените конфликти. Војната во Украина и агресијата на Русија го потврдува тоа. Од почетокот на агресијата загинале 484 украински деца, 992 биле повредени, 393 се сметаат исчезнати, а 19.505 биле насилно депортирани во Русија.

Зошто светот не учи од историјата, и зошто е осуден да ја повторува? Во случајот со Украина таа безмилосно се повторува. Гладоморот во Украина од 1932 до 1933 г., е една од најголемите трагедии во историјата на човештвото, во која животот го загубиле преку 10 милиони луѓе, Украинци, и сите оние на кои сталинистичката идеологија им пресудила во име на изопачената глорификација на советското општество за создавање на модерна и пролетерска украинска нација по цена и на нејзина ликвидација, и со скриена намера преку мотото дека комунизмот произведува одвишок храна да се пресмета со бунтот и отпорот на Украинците. Неразумно е во најголемата европска житница селаните и населението да умираат од глад без никој да им помогне, а најголемиот непријател на државата да стане обичниот човек кој доколку скрие храна за да го спаси животот на своите деца бил осудуван на смрт.

Денес оправданието за агресија на руската јавност и е претставена како неминовна „денацификација на Украина“ и враќање на „Античка Русија“, термини кои ме застрашуваaт. Со терминот „Денацификација“  се означува сојузничката иницијатива за ослободување на германското и австриското општество, култура, печат, економија, судство и политика од националсоцијалистичкото влијание. Но тоа е завршен процес. Зарем во современа Украина, во ера на глобализација и мултикултурни општества опстоил националсоцијализмот?

За време на Гладоморот оправданието е „Декулакизацијата на богатите селани“ и нејзините извршители, како засилување на комунистичката економија и победа над недовербата во советскиот систем во светот и доказ за неговата сила како единствен систем што произведува вишок на храна. Набргу пространите плодни степи наместо полни со жито и плодови биле прекриени со човечки изгладнети и изморени тела. Набргу и немало кој да работи на полињата па присилно се доселувани лица од други краишта на СССР. Дали овој чин скроен во главата на Сталин се разликува од оној договорен на Вансејската конференција близу Берлин што претставувало расна хигиена, и обезбедување на „Простор за живеење“ на нивната самопрогласена „чиста раса“ со систематско истребување на цели народи? Дека целта не била само насилна колективизација и јакнење на комунистичката економија зборуваат податоците што во исто време биле уапсени десетици илјади украински учители и интелектуалци и биле отстранети сите книги напишани на украински јазик од училиштата и библиотеките.

Денес повторно украинските житници се полни барут и човечки тела наместо жито, повторно доселување на руски војници, но за разлика од минатото и силен вооружен отпор на украинскиот народ и поддршка на светската демократска јавност. Јасно е дека и „декулакизација“ и „денацификацијата“ се параван за вековниот руски обид  за „деукраинизација“.

„Мирот е доблест на цивилизацијата. Војната е нејзино злосторство“ велел Виктор Иго.

Зошто ова злосторство наидува на поддршка во руската јавност? И покрај цензурата, во време на социјални медиуми и многу современи комуникациски платформи и технологии злоделата се достапни до нив. Зарем погледот на едно невино дете не може да поттикне емоција кај нив? Каде се добрите луѓе?

Војната понекогаш е неопходно зло. Но, колку и да е потребна, секогаш е зло, никогаш добро. Нема да научиме како да живееме заедно во мир убивајќи ги децата.

За секоја голема трагедија со која се соочила човештвото, науката постојано бара одговор за тоа зошто се јавува дехуманизацијата, што се случува во човечкиот мозок за да другиот го смета за помалку човек и со што се оправдува неговото ѕверско однесување, при тоа не предизвикан од никаков непријателски акт.

Во тогашниот СССР Гладоморот станал забранета тема. И покрај укажувањата на Украинците и сите докази за неделата, дури во 2007 г. Европскиот парламент ќе го признае Гладоморот како геноцид, по цели 75 г. Како народ и ние паметиме геноцид, можеби не во толкав обем и во време на војна, но не верувам дека некогаш ќе дочекам да биде признаен. Признанието не носи утеха на денешните генерации, минатото не може да се врати, младите се свртени кон иднината. Признанието е победа на гласноста на добрите луѓе, бидејќи „Оние кои не го паметат минатото се осудени да го повторуваат.“

Со поддршката на Украина и со нашата гласност, придонесуваме за заштита на украинските деца, ние сме глас против војната против невините, војната против децата. Светот видел многу тирани низ историјата, во својата моќ се чинеле непобедливи, но памтете на крајот тие секогаш паѓале. Се надевам дека ќе победи разумот на добрите луѓе каде и да се, ќе ги срушат тираните, во името на украинските деца во името на нашата иднина, но и веднаш да работат да изградиме систем и општество во кое децата нема да бидат мети, ниту жртви на вооружените конфликти“.

Tags: ГладоморРатко ДуевУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ