• Latest

ДУИ постави „јазикобранители“ пред Уставен

December 8, 2024

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
Илустрација: ВИ

Црна Гора на чекор до ЕУ: 2028 како цел, Хрватска како главна пречка

November 4, 2026

ЗАПОЧНАА ЛИ БЕГСТВАТА? Прекинат летот на Вулин кон Москва

November 3, 2026
petar bogojeski

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ДУИ постави „јазикобранители“ пред Уставен

December 8, 2024 17:20
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Пред Уставниот суд попладнево се собраа активисти на опозициската Демократска унија за интеграција, кои, како што најави партискиот функционер Арбер Адеми, ќе останат таму до 11 декември кога треба да се одржи седница за Законот за употреба на јазиците. Адеми рече дека со иницијативата „Стража на јазикот“ со деноноќно присуство пред Уставниот суд застануваат во „одбрана на Законот за јазици“.

– Собрани сме тука за да го подигнеме нашиот глас за прашања што ги засега темелите на еднаквоста на нашата  мултиетничка држава. Ова не е обичен ден, ниту обичен повик. Денес повеќе од кога било е моментот да останеме обединети за да го заштитиме тоа што сме го добиле со многу труд и жртвување. На 11 декември Уставниот суд има закажано седница за разгледување на уставноста на Законот за јазици кој не е само правен акт туку е симбол на Охридскиот договор и во него е втемелена јазичната еднаквост, изјави Адеми.

Според него, „укинувањето на законот значи уривање на еден од кучните столбови на Охридскиот договор, а „владеачката коалиција без легимитет наместо да се работи за заедничка иднина, разденува и напаѓа“.

– Ова не е прашање на обичен закон, туку е прашање за нашите права како рамноправни граѓани, нашиот идентитет и иднина како општество, нашата иднина. Охридскиот мировен договор е нашата гаранција за праведно и еднакво општество. Од денес ќе останеме тука пред Уставниот суд ден и ноќ, на мирен начин да ти заштитиме нашите права и да осигураме дека нема ниту една одлука да го уништи она што го изградивме со жртвување. Ова не е иницијатива на една политичка партија, нагласи Адеми.

Тој ги повика граѓаните од сите етнички заедници да се приклучат во иницијативата.

– Ги повикуваме сите Македонци, Албанци, Турци и сите останати заедници, сите оние кои веруваат во правда и правичност, да ни се приклучат кон оваа иницијатива. Ова не е момент за пасивност, туку момент за заедничко делување. Сега е моментот да го заштитиме јазикот, иднината и нашите заеднички еднакви права , наведе Адеми.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција соопшти дека со коалицискиот партнер Вреди разговараат за Законот за употреба на јазиците, кој в среда, 11 декември, е на дневен ред на разгледување од Уставниот суд, но порача дека никој не треба да интервенира кај Судот за оваа „тековна постапка“.

Рече дека „во среда нема ништо да се случи“, затоа што пред „какво било акција“ на Уставниот суд претходат подготвителни седници.

Според него, целта на ДУИ е поделба по етничка основа и дека такви обиди ќе има и во иднина од таа политичка партија.

-Затоа што принципот „како до сега“ заврши на 8 мај и тој принцип е поразен. Но, се уште покажува знаци на живот и гледаме дека единствената тема со која Демократската унија за интеграција е присутна во јавност е да направат  одредена поделба по етничка основа, ги третираат само етничките прашања, затоа што на друг начин не можат да привлечат  внимание, ниту да наметнат тема, ниту да привлечат луѓе коишто ќе ги поддржуваат. Бидејќи се обидоа со „зелената агенда“, видовте како завршија, и се вратија сега во опозиција на единствената тема којашто за нив можеби носи некаков резултат, рече Мицкоски на прес-конференција одговарајќи на новинарски прашања.

фото:МИА 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ