„Ние велиме дека секој втор граѓанин во државата е сиромашен, со тоа им даваме можност на медиумите уште повеќе да истражуваат. Всушност нашите сознанија за сиромаштијата се сведуваат според достапните статистички податоци кои ги имаме. Ние тие податоци од Завод за статистика не ги користиме како бројка туку даваме суштина позади бројките, ги ставаме во контекст, ставаме човечко лице до бројката“, истакна Билјана Дуковска од Македонската платформа против сиромаштијата, на означувањето на официјалниот старт на проектот „Зголемување на употребата и достапноста на официјалните статистички податоци во Република Северна Македонија“ на кој ДЗС работи со Шведскиот завод за статистика.
Таа нагласи дека сиромашните се луѓе не се статистички податоци, дека тие се повеќе од бројка.
камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети