• Latest

Дупки во водата, кули од карти, лаги, веслање­ и достоинство

March 28, 2019
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Дупки во водата, кули од карти, лаги, веслање­ и достоинство

March 28, 2019 10:46
in ИЗБОРИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Со одамна добро развиениот систем на „јавки“, со пренесување пораки од човек на човек, во конспирација што веќе и не е толку непробојна, подземната машинерија на ВМРО-ДПМНЕ води кампања под радарот на законските ограничувања. Се разбира, најдобро ги знаат дупките во законите, бидејќи самите ги направиле. А „некој“ не запнал и не ги пополнил, за да може да вози системот по рамен пат.

Џабир Дерала

Тоа „некој“ знаеме што значи: сите тие што ги креираат и спроведуваат законите и сите што се китат со звања и позиции на пратеници, министри, партии, советници, експерти, невладини, лонци, тенџериња, трактори и бандери… Користејќи ги сите дупки во законите што нивните пратеници и други партиски функционери ги копаат во парламентот и во работните групи за пазарење со ноншалантната ни власт, вемерото може да прави практично сѐ што сака.

Денеска сакам да зборувам за еден пример како функционира пропагандата, надвор од демократските стандарди, надвор од етиката, а на самите граници на законското. Пред неколку дена (25 март), вемеро организираше настан во Штип, типичен за политичка кампања, јавен собир на кој се промовираше госпоџа професор доктор Силјановска-Давкова како претседателска кандидатка. Таа си одржа и говор, типичен за политичка кампања, се сликаше за во пропагандните и навивачките фејсбуци и си заврши работа како да е среде законски дозволена кампања. Со сите иконографии, со сиот негаторски говор, прикриен и помалку прикриен говор на омраза по сите можни основи, целата политичка небулоза што може да се замисли…

Извесно е дека жителите на овој голем и важен град во источниот дел на нашата земја беа организирани, беа повикувани и дојдоа на собирот. Немало јавен повик, ме брифираат правниците. Што е јавен повик во денешно време? Оглас во весник? Соопштение? Хм, склони сме да се држиме до традиционалните форми на толкување на сосема нетрадиционалните форми на политичко дејствување и пропагандата што најчесто се во сивата зона. Сивата кон црната, ме разбираш, Блажо…

Законот вели дека политичката кампања може да започне 20 дена пред денот на гласањето, односно на 1 април. Но, законот има дупки како швајцарско сирење, па тие дупки се користат за жестока и непрекината кампања. Едноставно, луѓето немаат мир. Ги влечат по собири и понатаму, партиските солдати ги бомбардираат со пораки на социјалните мрежи, политичарите ветуваат и не исполнуваат, се мајтапат, лажат и крадат, а неретко си играат и со оган од кој само обичните смртници ќе се изгорат…

Разочарувачки е што универзитетска професорка по Уставно право, Политички систем, Модели на демократија и едно чудо други предмети, гази по етиката и користи дупки во законот. Не е в ред, навистина! Да ги оставиме за миг настрана сите определби, сите оцени дали се работи за деструктивна или конструктивна програма, прозападна или проруска ориентација, национализам или патриотизам… Еве, да го проголтаме сето тоа, ама да се користат дупки во законот и да се постапува неетички, не би требало да си дозволи некој со толку универзитетски титули и позиции. Едноставно, тоа е многу неубаво, недостоинствено… Предолго го гледавме тоа и го носевме на нашите плеќи, натоварени од едни, други и трети, а најмногу од оние што само менуваат бои и капи…

И, додека медиумите ја тераат старата песна, а невладините фолиранти остануваат во удопствата што им ги овозможуваат „научниот пристап“ во здодевните проекти без смисла и ефект, животот на луѓето останува во рацете на газдите во најпрофитабилниот бизнис во оваа земја – политиката.

Кога ќе појдам на работа, на колегиум ќе предложам да се испрати соопштение за јавноста во кое ќе ја алармираме јавноста за овој настан, ќе ги повикаме институциите и партиите да постапуваат според законот и да ги остават луѓето на мира, ама што ќе се случи? Како одговор ќе добиеме цитати на сите можни дупки во законот. Ќе ни ја заматат водата со своите чевли и ќе ни дадат да ја испиеме, велејќи дека е нафта. Мајсторски, како што тоа умеат само политичарите и сѐ уште длабоко политизираните институции – да прават дупки во водата и да градат кули од карти.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share126Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ