• Latest
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Два залaка и чувство на сопственост

August 8, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Два залaка и чувство на сопственост

August 8, 2026 14:17
in ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Share on FacebookShare on Twitter

Марко Маневски

Скролам на Инстаграм како и секоја друга будала на пауза за кафе и налетувам на клип што ми го крева притисокот побрзо од талогот на дното од шолјата. Момче и девојка на прв состанок, седат во некој просечен ресторан, јадат, муабетат, сè е во ред. И тогаш тој тргнува да ја бакне. Таа се повлекува. Не го удира, не го навредува, само – не.

И што прави нашиот јунак? Ја зема нејзината храна. Го испива нејзиниот пијалак. Станува, си ја зема јакната и си оди. Таа останува да седи таму со празна чинија и празна чаша, како штотуку да била ограбена од сопствениот ескорт-менаџер кој решил да го раскине договорот затоа што „робата“ не сакала да биде испорачана навреме.

И тоа е целиот клип. Тоа е содржината што генерира лајкови, коментари од типот „е, брате мој, вака се прави тоа“ и споделувања со порака „кралицата треба да се научи на памет“. Никој не сфаќа дека ова е само помалку насилниот брат на силувачот, само бирократијата е поинаква. Силувачот со сила го зема она за што мисли дека му припаѓа. Овој ја зема храната затоа што мисли дека му припаѓа нешто друго – бакнеж, допир, согласност. А кога не го добива, казнува.

Казната е материјална затоа што физичката таа вечер не е на менито, но принципот е идентичен: ти мене ми должиш нешто затоа што јас сум те почестил. Разликата меѓу него и силувачот не е морална, туку логистичка. Едниот нема храброст, другиот нема кочница. И двајцата го имаат истиот сметководствен систем во главата: вложив X, очекувам поврат Y, а ако нема поврат, си го земам вложеното назад со сила или со ситна одмазда – зависно од тоа што ќе ми дозволи ситуацијата.

И сега доаѓаме до делот што мене навистина ме нервира, а тоа не е тој дебил од клипот. Него го видов, го презрев и го заборавив за пет минути. Мене ме нервира тишината околу него. Зошто ниту еден нормален маж не го земе телефонот, не му го најде профилот и јавно не му напише дека е патетичен? Зошто под таквите клипови се редат емотикони со смеа и одобрување?

Одговорот е непријатен, па ќе го кажам полека за на сите да им влезе во глава: затоа што голем број од тие нормални мажи, оние што за себе велат „јас не сум таков“, во себе ја носат истата равенка, само во поблага верзија.

Разликата меѓу нив и дебилот од клипот не е во начинот на размислување. Тој тоа го направил јавно и театрално. Тие само ќе го помислат, ќе промрморат во себе, можеби ќе му кажат на другарот со пиво: „е, види ја кучкава, ја изнесол на вечера, а таа се прави важна“, и тука ќе застанат. Застануваат, но не затоа што нешто во нив е поинакво, туку затоа што им недостига или можност или храброст да го истераат тоа до крај.

И ТИ што го читаш ова, да, токму ти, сигурен си дека не си дел од проблемот. Одлично. Само кажи ми – познаваш ли барем тројца типови во својот живот што би го направиле токму ова, можеби и нешто полошо? Секако дека познаваш.

Секој од нас го познава оној што раскажува како „еднаш морал да ја испрати дома пеш затоа што правела проблеми“, а под „проблеми“ подразбира дека не сакала секс по третата чаша вино. Секој од нас познава најмалку двајца за кои, ако сме искрени со себе во три часот наутро, кога никој не нè слуша, не сме сто проценти сигурни дека не би силувале некого ако им се укаже можност без последици.

Не велам дека сме сигурни дека би го направиле тоа. Велам дека не сме сигурни дека не би.

А таа несигурност, тоа мало зрно сомнеж што го носиш во себе за човекот кого го нарекуваш другар, би требало многу повеќе да те држи буден ноќе отколку некој туѓ клип на ТикТок.

Колкупати си молчел? Не прави се дека не знаеш на што мислам!

Колкупати си седел на маса, во кафеана, на сплав, на некој роденден, и си слушнал триесетгодишник, четириесетгодишник, како коментира осумнаесетгодишна девојка: „е, види ја оваа, тамам созреала“, „гледај како ги наполнила фармерките“.

И ти само… што? Си го испил пивото?

Не си станал. Не си му рекол: „Ќути, бе, дебилу, тоа е ДЕТЕ што уште оди во средно училиште“. Не си му удрил шлаканица преку уста за да знае дека ја преминал границата што едно нормално општество не би требало да ја толерира.

Ти само си молчел.

А тишината, драг мој, не е неутралност. Тишината е потпис. Тишината вели: „продолжи, овде е безбедно, никој нема да реагира“.

Секој манијак, секој предатор, секој дебил од клип на ТикТок ја градел својата самодоверба врз темел од илјадници такви тишини. Не се родил убеден дека некој му должи тело за вечера. Тоа го научил. Го научил слушајќи нè како молчиме, гледајќи нè како се смееме наместо да ни се згади, забележувајќи дека никој од „нормалните“ не ја поставува границата доволно гласно за да ја запомни.

И затоа, кога некој од вас ќе каже „јас не сум дел од проблемот“, знајте дека не сте ни дел од решението. Тоа не е автоматска равенка.

Не си дел од решението само затоа што лично не би ѝ ја зел чинијата на девојката и не би си заминал.

Дел од решението стануваш дури во оној момент кога ќе проговориш додека е непријатно, а не потоа, кога веќе е доцна и кога можеш да се правиш паметен за клип што го снимил некој друг.

Дел од решението стануваш кога ќе му кажеш на другарот на маса дека неговиот коментар за осумнаесетгодишна девојка е болен, иако ќе ти каже дека претеруваш, иако ќе ти се смеат, иако можеби таа вечер ќе останеш без друштво.

Дел од решението стануваш кога ќе престанеш да го третираш женското достоинство како нешто што се отклучува со количината пари потрошени на вечера, како согласноста да е некаква програма за лојалност во која, откако ќе собереш доволно потрошени поени, добиваш награда.

Тој дебил од видеото не е аномалија. Тој е производ. Производ на илјадници мали молчења, илјадници проголтани коментари, илјадници моменти кога некој од нас можел да каже: „Не, брат, тоа не е во ред“ — и не кажал ништо.

Тој е огледало во кое никој не сака да погледне директно, затоа што ако гледаш доволно долго, некаде во заднината ќе се видиш и себеси: како молчиш, како се смееш, како си создаваш алиби дека не си како него.

Не си како него. Во ред. Потапкај се по рамото.

Но прашањето никогаш не било дали ти си оној што ја зема чинијата. Прашањето е дали ти си оној што можел да спречи некој друг да стане таков — а не го сторил тоа.

А таа разлика, пријателе мој, е многу потенка отколку што би сакал да веруваш.

 


Наслов на оригиналот: Dva zalogaja i osećaj vlasništva, Markolepsijа, 7 август 2026
Сите права се задржани | ЦИВИЛ МЕДИА


Неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ.

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ