• Latest

Дваесет и четирите часа што го потресоа Кремљ

June 27, 2023
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Дваесет и четирите часа што го потресоа Кремљ

June 27, 2023 20:47
in АНАЛИЗИ, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НИНА Л. ХРУШЧЕВА / Project Syndicate

Евгениј Пригожин можеби го откажа неговиот обид за државен удар непосредно пред да стигнат неговите платеници од групата Вагнер до Москва, но бунтот можеби сепак фатално го поткопа режимот на Владимир Путин. Можеби ќе поминат денови, недели, па дури и месеци пред целосно да се разоткријат пукнатините, но не грешете: секоја криза што завршува само со најмалите резолуции, или воопшто никакви, понатаму ја намалува положбата на Путин и оттука каква и да е поддршка што сé уште ја има кај руските елити. Неговите ривали сигурно веќе го меркаат неговиот престол.

Краткорочно, Путин би можел да го спинува неуспехот на востанието во негова корист. Сепак, масите не се кренаа да му се придружат на бунтот, како што предвидуваше Пригожин, а руските вооружени сили застанаа со Кремљ, иако само половично, како што се покажа со фактот дека мораа да бидат испратени чеченски војници во Ростов на Дон за да се соочат со платениците на Пригожин. Но, со текот на времето, ќе стане јасно дека ништо од ова не ја одразува силата на режимот на Путин.

Се чини дека ниту една страна не беше уверена дека може да ја победи другата. Иако Пригожин силно ги критикуваше руските воени претставници, тој негираше дека се обидел да изврши државен удар. Наместо тоа, тој инсистираше дека напредувањето на Вагнер кон Москва било „марш на правдата“ за војниците кои загинаа во Украина поради слабото лидерство на руската војска – па дури и таа мисија набрзо беше прекината. Пригожин знаеше дека не може да издржи напад врз Москва.

Не помогна тоа што Пригожин никогаш сосема не ја освои руската јавност. И покрај сцените на толпи кои го поздравуваа него и неговите борци додека го напуштаа Ростов на Дон, каде што ги зазедоа сите воени локации, тоа беше направено од чувство на апсурдност: „воени херои“ одат против руската војска. Сепак, повеќето Руси не ја прифатија толку растроената реторика на Пригожин. На неговата визија за чистење на Русија од корупција и неодлучност со крв ѝ недостасува голем одѕив.

Но, одговорот на Путин на бунтот тешко може да се каже дека беше одговор на моќен лидер или дури и вешт тактичар. Иако го осуди државниот удар и вети дека „брутално“ ќе ги казни инволвираните, одговорот не дојде доволно брзо, а неговата реторика се чинеше повеќе како панична отколку заканувачка. Ова беше човек кој реагираше на настаните, а не кој ги контролираше.

Уште полошо, далеку од тоа да го собори бунтот, а камоли да го елиминира Пригожин, тој му дозволи на белорускиот претседател Александар Лукашенко да преговара за договор што ефикасно го ослободува Пригожин од вина: шефот на Вагнер сега ќе пребегне во Белорусија и кривичните обвиненија против него ќе бидат отфрлени. За некои Руси, договорот го прави Путин да изгледа патетично слаб, бидејќи се чини дека му бил претставен како свршен чин.

Не е незамисливо Путин сепак да се позиционира како голем миротворец. Но, ќе му биде потребно руските елити да застанат зад него. А молкот на Путин откако Пригожин се договори со Лукашенко, сугерира дека тој не знае, дури и сега, дали може да смета на лојалноста на пријателите. Уште повеќе, луѓето со нетрпение чекаат да го слушнат како објаснува зошто воопшто се помилува Пригожин „предавникот“. Државниот удар можеби е задушен, но светот гледа дека сé уште недостасува лидерство.

Путин сé уште има некои сојузници, како што е Рамзан Кадиров, лидерот на Чеченската Република, кој вети дека ќе испрати војници во Москва за да се борат против преземачите на државниот удар. И руските лидери – вклучително и претседателот на Думата, Вјачеслав Володин, министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров и повеќе регионални гувернери – зборуваа во одбрана на режимот.

Но спротивставувањето на востанието за руските елити беше помалку за да се поддржи Путин отколку за да му се спротивстави на Пригожин. Додека тие не се согласуваат со бројни одлуки на Путин – вклучувајќи изолирањето на Русија и зголемената зависност од Кина – и сé повеќе го гледаат како слаб и непостојан, тој сепак е понадежен отколку нестабилниот шеф на војската на платени насилници и осуденици.

Истовремено, се чини веројатно дека Пригожин сепак има некои руски лидери на негова страна. На пример, тој можеби има договор со генералот Алексеј Дјумин, гувернерот на регионот Тула, во непосредна близина на Ростов на Дон. Некои во Москва веруваат дека Дјумин – кој порано беше задолжен за безбедноста на Путин, а во еден момент се сметаше и за еден од неговите потенцијални наследници – преговарал со Лукашенко во име на Пригожин и можеби дури и му ветил на шефот на Вагнер воена позиција во иднина.

Лесно би било да се исполни тоа ветување доколку, како што некои сугерираат, Дјумин стане новиот министер за одбрана на Русија, заменувајќи го главниот непријател на Пригожин, Сергеј Шојгу. Под водтсво на Дјумин, Русија несомнено би усвоила уште побрутален пристап кон војната во Украина, на големо задоволство на Пригожин.

Повеќе застрашувачки за Путин, бунтот на Пригожин можеби бил потпомогнат, па дури и организиран, од страна на сили блиски до Кремљ или од страна на членови на руската домашна агенција за безбедност, ФСБ, кои го обвинуваат Путин дека дозволува војната во Украина да се одолговлекува. Дури и ова да не е слулчај, фактот што Пригожин јавно му пркосеше на Путин толку флагрантно и остана жив да раскажува за тоа, може да инспирира нови обиди за рушење на највисокото раководство на Русија.

Значи, кој може да го заземе престолот? Две очигледни можности се Николај Патрушев, Секретар на рускиот Совет за безбедност и неговиот син Дмитриј, министерот за земјоделство. Друга е премиерот Михаил Мишустин, кој намерно се појави на телевизија работејќи напорно за време на кризата, додека Путин наводно одлетал на безбедно во Валдаи, далеку од Кремљ. Тука е и Дјумин, како и градоначалникот на Москва, генерал Сергеј Собјанин, кој контролира сопствена моќна вооружена сила.

Ова не значи дека пропаста на Путин е неизбежна. Постојат гласини за тоа дека руските елити сакаат да го заменат веќе подолго време. Но, промената никако да дојде. Како што Пригожин се повлече од борбата за која што не беше сигурен дека ќе ја добие, така се чини дека на потенцијалните предизвикувачи на Путин им недостасува доверба дека можат да ги победат своите ривали.

Нина Л. Хрушчева, Професор по меѓународни односи при The New School, е коавтор (со Џефри Тејлор), на неодамна објавената книга In Putin’s Footsteps: Searching for the Soul of an Empire Across Russia’s Eleven Time Zones (St. Martin’s Press, 2019).

Извор: Фронтлајн

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Project SyndicateВагнерВладимир ПутинЕвгениј ПригожинКремљНИНА Л. ХРУШЧЕВА
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    239 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    168 shares
    Share 67 Tweet 42
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ