Двајца цивили се пријавени како загинати, а 12 се повредени, откако Русите гранатирале станица на јавен превоз со касетна муниција во градот Миколаев, изјави шефицата на Регионалниот совет на Миколаев, Хана Замазијеева на Телеграм, јавува дописникот на Укринформ.
„Касетна муниција погоди постојка за јавен превоз во преполната област на градот. За време на шпицот. Ова не е ништо друго освен намерен терористички напад наменет да убие цивили. Двајца загинати и 12 повредени во моментот“, напиша Замазијеева.
Експлозија се случи во близина на станица за јавен превоз во градот Миколаив.
Едно лице загина, а најмалку две лица се повредени во руски напад врз градот Днипро.
„Русите повторно го нападнаа Днипро со проектили. Погодија станбен кварт во центарот на градот, исто како и пред неколку недели. Погодија и транспортна компанија. Таму избувна голем пожар – административна зграда и 50 автобуси горат, објави на Телеграм Валентин Резниченко, шеф на регионалната воена управа на Днипропетровск.
На местото на настанот работат спасувачи и полициски службеници. Се проценува размерот на уништување.
Подготви: Д.Мишев