Активистите на движењето на отпорот Жолта лента поставија 150 постери во привремено окупираниот град Хеническ, регионот Херсон, пренесува Укринформ.
„Хеническ е центар на отпорот во окупираниот дел од регионот Херсон. Активистите на движењето Жолта лента успешно поставија 150 нови постери низ градот“, објави движењето Жолта лента на Телеграм.
Забележано е дека овој процес станува незапирлив благодарение на новата илегална печатница.
Како што предходно објави ЦивилМедиа, жолтите ленти, користени како симбол на Движењето на отпорот, за прв пат се појавија на улиците во окупираните населби во регионот Херсон, кога жителите агитираат да се бојкотира псевдореферендумот закажан од руските окупатори во регионот.
Жителите на Херсон реагираа на повикот на активистите на Движењето на отпорот„ Жолта лента“ и масовно врзуваа жолти ленти на столбовите, уличните светла, шините и автобуските постојки.
Д. Мишев