• Latest

Децата да не се злоупотребуваат во партиско – политички цели!

October 5, 2017

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Децата да не се злоупотребуваат во партиско – политички цели!

October 5, 2017 14:05
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Со загриженост констатираме дека и покрај нашите апели до сите учесници во изборниот процес, да се воздржат од инволвирање на децата во кампањите, сепак, има случаи на злоупотреба на децата за партиско –политички цели“, изјави заменичката на Народниот правобранител, Васка Бајрамовска Мустафа, коментирајќи ги за ЦИВИЛ Медиа, последните случувања со злоупотреби на децата во кампањата за локалните избори.

„Разочарува фактот и од она што го гледаме во медиумите: и родителите како да се гордеат, излегувајќи заедно со своите деца, без оглед на нивната возраст, на митинзите и средбите со претставниците-кандидати за градоначалници. Оттука, како орган надлежен за заштита на правата на децата, ги повикуваме и родителите и политичките партии и другите учесници, да се воздржат, да не дозволат да се вклучат децата во кампањата, односно, децата да не се користат во политички спотови, билборди или на митинзите, како учесници во изборниот процес“, категорична е Бајрамовска Мустафа.

Како што ни изјави таа, вклучувањето на децата во политичка кампања е спротивно на Конвенцијата за права на децата, којашто обврзува децата да бидат заштитени од сите видови злоупотреби и  манипулации. Таа посочува и на Декларацијата за заштита на детето од политичка манипулација, на Законот за заштита на децата, ина Законот за основно и средно образование, со коишто се забранува политичко организирање, дејствување со злоупотреба на децата.

Како орган за заштита на правата на децата, канцелариите на Народниот правобранител, вели Бајрамовска Мустафа, ќе продолжат да ги следат случувањата.

„Им порачуваме и на медиумите да не прифаќаат, ниту емитуваат платени политички програми, пораки, ако преку нив, се врши злоупотреба на децата за политички цели“, порачува заменичката-омбудсман.

Согласно Законот за семејство и Законот за социјална заштита, според неа, големи надлежности им се даваат на центрите за социјална работа, коишто треба итно да интервенираат кога ќе увидат дека има злоупотреба на децата.

„Зашто, најстрогата мерка која што може да се преземе во вакви случаи, имајќи го предвид најдобриот интерес на детето, е да поднесат барање за одземање на родителското право. Ние не сме за тоа – децата да не бидат информирани. Но, тоа треба да биде на поинаков начин, а не со инволвирање и на некој начин, пренесување на ставовите на родителите врз децата, што е спротивно на сѐ што е најдобро за детето“, заклучува заменичката-правобранител Бајрамовска Мустафа.

Моника Талеска

Tags: ombudsmanВаска Барјамовска МустафаЗлоупотреба на децаизборна кампањаКонвенцијата за заштита на децаталокални изборипартииполитички целицентри за социјална работа
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ