• Latest
Мирослав Јовановиќ / Фото Слободен печат

Мирослав Јовановиќ, извршен и медиа директор, Слободен печат: Еден од светилниците на слободата

November 24, 2023
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Мирослав Јовановиќ, извршен и медиа директор, Слободен печат: Еден од светилниците на слободата

November 24, 2023 08:00
in ОПШТЕСТВО, РЕКОА ЗА ЦИВИЛ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Мирослав Јовановиќ / Фото Слободен печат

Мирослав Јовановиќ / Фото Слободен печат

Share on FacebookShare on Twitter

Ако не сте златара, банка, трговец со ретки метали или тајни технологии, дури и за балкански прилики звучи чудно податокот дека една граѓанска, невладина организација во своето 24 годишно постоење била повеќекратна жртва на разни видови насилство; просториите ѝ се  четири пати обивани, а инвентарот уништен и испоганет, нејзините членови преку 20 пати физички нападнати, а зачестеноста на смртните закани и други вербални поганштини стануваат секојдневна појава. 

Утрото им започнува, наместо со читање весници, со отворање на судски покани за ова и она. Забога, со што ли таа организација се бави? Некој ќе каже: „пих, па тоа се нешто како општи човечки и граѓански права, слобода на говор, нешто како нивна заштита, промоција, право на глас и неговата (зло)употреба, потенцијални изборни измами, екологија, и такви работи…“ Зарем посочените со устав (и мноштво меѓународни повелби) загарантирани граѓански права, нивната промоција и заштита предизвикуваат кај една група наши сограѓани, најблаго кажано – чувство на нелагодност, загроза и гнев? Сè додека одговорот е „да“, тоа е raison d’etre на ЦИВИЛ.

Во општество каде што зборовите го губат своето значење и смислата, каде што анти критериумот е главен критериум, каде што за кражба на 30 ќебапи ќе „заработите“ повеќегодишна затворска казна, а за мултимилионскиот криминал „законска поштеда“,  кога секојдневието е диктирано од олигокриминалци и нивните политички дилови, а нашите судбини, имот, права и слично зависат од политичката/државната милост, да се бавите, сиот свој капацитет да го ставите во служба на промоција и заштита на корпусот на човекови права, ни кажува дека во нашето општество сè уште (покрај сите девастации) постојат личности и организации кои поради своето „вјерују“ се повеќе од спремни на лична жртва на олтарот на слободата и правата како врвен идеал на современото демократско општество. Тоа е за почит и восхит! 

Податокот дека постоењето на ЦИВИЛ трае речиси четвртина век и дека организацијата со нејзината „мала, но одбрана чета“ – како непремостлива брана се поставува кон сè што го загрозува, кочи или уназадува нашето општество во неговиот демократски развој, кажува дека организацијата и нејзините членови како општествен коректив имаат ѓаволски тешка задача и напорна работа. 

Никогаш не се поставувале во општеството како носители на апсолутната вистина! Во нашите балкански жабокречини, каде чеканот секогаш има предност во однос на зборот и идејата, да негувате возвишени идеали за слободата и правдата звучи дури и романтичарски; патот на ЦИВИЛ е одамна избран. Сепак „за идеалите не гинат будалите“ туку луѓе со возвишени духови и визии! 

Им посакувам уште долги години на позитивна визија, истрајност и работа; кога еден ден ЦИВИЛ ќе ја постигне целта на својата мисија, тоа ќе значи дека нашата земја конечно станала пристојно место за живеење. Тој ден е,  за жал, сè уште далеку, но причина повеќе, организацијата да продолжи по својот пат низ нашите општествени Сцили и Харибди.


Текстот е личен став на Авторот. Објавено прво во Слободен печат, на 23 ноември 2023.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ