Учесници на панел дискусијата на ЦИВИЛ: „Еднаквост, недискриминација и мултикултурализам во Северна Македонија: Состојби, предизвици и перспективи“ се: Еран Куртиш, директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Мерсиха Смаиловиќ, активистка, Ашмет Елезовски директор на Национален Ромски центар, и Џељо Хоџиќ, зам. директор на АОПЗ и колумнист, а модераторка е Дијана Тахири од ЦИВИЛ.
Панелот е дел од проектот „Европски перспективи“ кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија од 1 април оваа година.
Какви се состојбите и трендовите во Северна Македонија во поглед на заштитата од дискриминација? Со кои предизвици се соочуваат институциите, заедниците, медиумите и општеството во целост во областа на меѓуетничките односи и заштитата од дискриминацијата?
Кои се перспективите на нашето општество во поглед на промоцијата на европските вредности, а во таа смисла и негувањето на еднаквоста и мултикултурализмот, како и заштитата од дискриминацијата во нашата земја? Тоа се дел од прашањата на кои се обидуваат да одговорат учесниците на овој јавен настан.
Преземањето на содржините е добредојдено, според лиценцата Creative Commons 4.0.