пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
За трампистите во САД, Бајден е „комунист“, а за упадот вчера во американскиот Конгрес се криви АНТИФА.
А локалниве трамписти, „Левица“? Цела светска левица го осуди насилството во Вашингтон и однесувањето на Трамп, само нашиве „левичари“ – не.
Наместо тоа, локалниве „левичари“ настапија со ист „јазик“ како лудаците од вчера – против Бајден „комунистот“ и антифаштистите во САД. А до вчера труеја против бугарскиот фашизам и се колнеа во партизаните.
Тоа е. Лудило. За среќа, кратко траеше радоста на лудаците, и ваму и таму, и секаде низ светот.
Но, за памет, нека остане забележано славењето и ситењето на туѓи несреќи, и очигледните желби и стремежи на локалните и глобалните фашисти.