• Latest

Еко-свест: Со изградба на мали хидроцентрали затрупана Маркова Река, да се одземе концесијата и да се поправи состојбата

August 11, 2021

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Еко-свест: Со изградба на мали хидроцентрали затрупана Маркова Река, да се одземе концесијата и да се поправи состојбата

August 11, 2021 11:41
in ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

И покрај сите апели, барања и предупредувања од граѓанските организации да се почитуваат мерките за заштита на животната средина, Маркова Река деновиве ја затекнавме комплетно затрупана со камења, карпи и земја како последица од градежните активности за трите мали хидроелектрани што се градат во погорниот тек на оваа река, информира НВО Еко-свест.

Оттаму истакнуваат дека по алармирање од локалното население, деновиве излегле на терен и дека бараат Министерството за животна средина да започне постапка за раскинување на издадената концесија за хидроелектраните Маркова Река 143, 144 и 145, а концесионерот да ја поправи состојбата на реката.

-Реката и речното корито се целосно уништени. Цели сегменти од реката се затрупани со материјал од градежните активности, при што е оневозможено нормално течење на реката и е уништен целиот екосистем. Според членот 44 од Законот за води „носителот на дозволата не ја врши дејноста согласно со условите утврдени со дозволата, односно врши битна и континуирана повреда на условите за вршење на дејноста од јавен интерес утврдени во дозволата“, и надлежниот орган треба да постапи. Според член 49 од истиот закон треба да се одземе водното право на концесионерот во случај кога е загрозено здравјето на луѓето и природната рамнотежа на водните екосистеми и екосистемите зависни од вода, велат од Еко-свест.

Ана Чоловиќ Лешоска од Еко-свест нагласува дека штетата која е направена не може да се надомести.

-Живиот свет во и околу реката е загрозен, видливи беа мртви речни ракови кои едноставно останале заглавени во странични вирчиња оставени да пресушат. Штетата која е направена не може да се надомести, станува збор за страшно уништување на природата и комплетно игнорирање на секој постоечки закон и правило. Повеќе години водиме борба со институциите да запре ваквата уништувачка изградба на мали хидроелектрани особено во подрачја богати со ретки, загрозени и ендемски видови. И покрај ветувањата од институциите сепак се дозволува вистинска еколошка катастрофа, посочи Чоловиќ Лешоска.

Што е уште пострашно, додаде, ова се случува во моменти кога земјата е соочена со продолжена суша и пожари кои ја опустошуваат територија на државата и се води борба да се стигне до капка вода повеќе.

-За нас ова е трагедија со долготрајни последици. Ништо што е живо не може да преживее без вода, вклучително и човекот. Бараме од Министерството за животна средина веднаш да започне постапка за раскинување на издадената концесија за хидроелектраните Маркова Река 143, 144 и 145 на концесионерот Индиго Хидро Македонија – Скопје по основ на грубо прекршување на сите законски одредби за заштита на животната средина и за добра градежна пракса. Исто така, бараме да се задолжи концесионерот да ја поправи состојбата на Маркова Река до степен до кој тоа е возможно. На долг рок, бараме од Владата да ги заштити своите граѓани и нивните извори на вода и ова да биде висок приоритет, порачуваат од Еко-свест и нагласуваат дека е потребна итна реакција поради моменталната состојба со продолжениот топлотен бран и ризикот по човековото здравје и животната средина.

Tags: екологијаеколошка катастрофа
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ