• Latest

Економското јакнење на жените е од исклучителна важност

October 9, 2019
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Економското јакнење на жените е од исклучителна важност

Дводневната конференција се одржува под мотото „Здружени лидери за унапредување на родовата еднаквост“ и ќе вклучи учесници од различен профил, меѓу кои извршни директори, сопственици, претседатели, менаџери и жени вработени во сите организациски нивоа на домашни и меѓународни компании, како и студенти и активисти.

October 9, 2019 12:35
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Ниту еден бизнис и општеството воопшто не смее да си дозволи да отфрли настрана половина од човечкиот потенцијал и да не го искористи за сопствениот развој. Прашањето на родовата еднаквост, и економското јакнење на жените е од исклучителна важност не само во постигнувањето на економскиот и општествениот развој, туку и за борбата на девојките и жените во справување на предизвиците со кои се соочуваат, како насилството, дискриминацијата и сиромаштијата.

Ова се генерално пораките што ги испратија дел од учесниците на Mеѓународната конференција „Жени во индустријата“ која се одржува денеска и утре во Скопје, во организација на Асоцијацијата на здруженија на инженери и ЕВН Македонија АД.

Премиерот Зоран Заев обраќајќи се на конференцијата рече дека родовата еднаквиост како прашање е високо на агендата на Владата, бидејќи, како што рече, сака да создаде општество со еднакви можности за сите. Без родова еднаквост, рече не е можно ни остварување на ниту една од целите за одржлив развој, како една од обврските кои ги преземала државата.

-Ниту една земја не може да си дозволи да остави половина од својата популација зад себе. Тоа не смее да биде прифатливо за никого. Ние нема да запреме додека целосно не ја анулираме разликата во вредноста на трудот на мажите и жените, нема да запреме со спроведување на политиките за родова еднаквост додека не обезбедиме дека девојките и жените имаат апсолутно еднакво право да напредуваат во нивните кариери и да бидат избрани на највисоките работни позиции. Намалувањето на родовиот јаз во платите може да придонесе за поголем економски развој, еднаквоста на пазарот на труд може да ја поттикне мотивираноста и вклучување на жените и значаен придонес за долгорочниот раст во економијата, рече Заев.

Според него, економското зајакнување е одговорт на многу од прашањата со кои се соочуваат девојките и жените. Економски силни девојки и жени, рече, полесно ќе се справат со сиромаштијата, насилството и дискриминацијата, со остварувањето на нивното природно право да бидат еднакви  во изборот на работни места.

Американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Бернс рече дека инвестирањето во јакнењето на жената значи инвестирање во иднината.

– Нашата цел треба да биде ниту еден талент, идеја или напор да не бидат отфрлени или залудно потрошени само затоа што доаѓаат од жени, а не од мажи. Предизвиците со кои се соочуваат нашите економии и општестват бараат ангажман и идеи од жените, рече Бернс.

Мора, додаде амбасадорката, да го промениме ставот кој е присутен дури и кај младите жени и девојките кои можеби мислат дека професии како наука, технологија, енергетика, инжинерство… не се за нив.

– Се надевам дека ова ќе се промени, а оти тие во борбата за таквата промена ќе ја добијат поддршката од нивните учители, ментори, родители и од целото општество, истакна Бернс.

И Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија, смета дека родовата еднаквост не е важно прашање само за жените, или само за мажите. Тоа, рече, е важно прашање за општеството, но и за бизнисот, затоа што бизнисот не може да си дозволи да остави една половина од популацијата и човечките ресурси настрана и да не ги користи.

– Се обидуваме да го намалиме овој јаз меѓу мажите и жените и да се обидеме да обезбедиме многу пофер и балансирана околина во бизнис секторот за мажите и жените, рече Петер.

Христина Спасевска, професор на Електротехничкиот факултет и претседателна Асоцијацијата на здруженијата на инженери, вели дека сите направени истражувања и анализи на податоците покажуваат дека жените се добри студенти, завршуваат факултети, дури и напредуваат научно, но оти кога станува збор за добивање топ позиции во компаниите тоа многу ретко се случува.

– Нашата идеја е да се работи токму со нив да се окуражат и да пробаат да си ги заземат местата кои им следуваат по квалитет, рече Спасевска.

Според неа, анализите покажале и дека во земјите што припаѓаат на постсоцијалистичкиот блок балансот помеѓу мажите и жените на позиции е подобар за разлика од високо развиените демократски општества.

Дводневната конференција се одржува под мотото „Здружени лидери за унапредување на родовата еднаквост“ и ќе вклучи учесници од различен профил, меѓу кои извршни директори, сопственици, претседатели, менаџери и жени вработени во сите организациски нивоа на домашни и меѓународни компании, како и студенти и активисти.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ