• Latest
Фото: амбасада на рф/Фејсбук

(ЕКСКЛУЗИВНО) Осуетен обидот на рускиот амбасадор да ја присвои функцијата „декан на дипломатскиот кор“ во земјава

September 12, 2025

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ ИСТРАЖУВАЊА

(ЕКСКЛУЗИВНО) Осуетен обидот на рускиот амбасадор да ја присвои функцијата „декан на дипломатскиот кор“ во земјава

September 12, 2025 13:07
in ДЕЗИНФО, ИСТРАЖУВАЊА, ПОЛИТИКА, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Фото: амбасада на рф/Фејсбук

Фото: амбасада на рф/Фејсбук

Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ ексклузивно дознава дека рускиот амбасадор Сергеј Баздникин се обиде да ја присвои функцијата „декан на дипломатскиот кор“ во земјава. Но неговиот обиде беше осуетен. Што се случи?

Баздникин, според извори на ЦИВИЛ, неодамна упати нота со која го информира македонското МНР и дипломатскиот кор во земјава дека – по завршувањето на мисијата на словачкиот амбасадор Хенрик Маркус на 31 јули 2025 година – функцијата Декан на Дипломатскиот кор во Северна Македонија ја презема тој „согласно редот на приоритет“, како што наведува во нотата.

Во истражувањето на овој дипломатски скандал, ЦИВИЛ ексклузивно дојде до информации дека во одговорот на македонското МНР се вели дека министерството ги признава одредбите од долгогодишната традиција според која деканот на Дипломатскиот кор се назначува врз основа на редоследот на претходници меѓу шефовите на мисии, во духот на колегијалноста, меѓусебното почитување и конструктивната соработка меѓу сите дипломатски мисии.

Но, додаваат од македонското МНР, ефективното функционирање на улогата на деканот критично зависи од способноста за поттикнување на инклузивен дијалог, транспарентност и координација меѓу сите шефови на мисии, и следствено на тоа, сметаат дека, во сегашните околности, овие услови не се доволно исполнети за да се обезбеди исполнување на одговорностите поврзани со функцијата декан на начин што го одразува единството и колегијалниот дух на Дипломатскиот кор во Република Северна Македонија и што обезбедува непристрасно и објективно артикулирање на ставовите на сите членови на Дипломатскиот кор.

Понатаму, во одговорот се вели дека „во овој поглед и по внимателно разгледување и темелно разгледување на ситуацијата, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија со почит сака да ја информира Амбасадата на Руската Федерација во Македонија дека преземањето на функцијата декан од страна на Неговата Екселенција, амбасадорот на Руската Федерација, г-дин Сергеј Баздникин, во овој момент не ужива потребна кохезија и широка поддршка меѓу дипломатската заедница во Република Северна Македонија, се вели во нотата на МНР НТ“.

За потсетување, државата во која амбасадорот на РФ, Сергеј Базникин се обиде да ја преземе функцијата Декан на Дипломатскиот кор од страна на РФ е означена како непријателска земја. Неговиот обид, пак, за узурпирање на оваа функција, не отстапува ни најмалку од неславниот дипломатски стил на државата што ја претставува.

Драган Мишев, во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридните закани (ЦХТМ)

 

Tags: Декан на Дипломатскиот кор во Северна Македонијадипломатска нотаМНР НТрускиот амбасадор Сергеј Баздникин
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ