По повод Светскиот ден на слободата на медиумите, ЦИВИЛ – Центар за слобода покани експерти и професионални новинарки и новинари да дадат своја изјава или да напишат краток текст.
Автор(к)ите се поканети да дадат осврт на темите поврзани со слободата на медиумите, придобивките, прашањата и предизвиците со кои се соочуваат редакциите и професионалните новинарки и новинари.
Во текот на денот, ќе се објавуваат повеќе текстови, изјави и интервјуа, специјално подготвени за медиумската платформа на ЦИВИЛ. Сите содржини се целосно достапни за преземање, соодветно на лиценцата Creative Commons 4.0 (наведување автор, извор и линк до содржината).
Воедно, организацијата ги поканува сите новинарки и новинари, да дадат придонес кон темата со свој текстуален, видео или фотографски прилог. За испраќање на прилозите и за сите прашања, организацијата е достапна на сите контакти наведени во линкот.