Балкан Форум организира онлајн настан со презентација што се фокусира на Берлинскиот процес. Настанот ќе се емитува во живо на медиумската платформа на Цивил, денеска, 9 јуни 2022, во 14 часот.
Истражувањето под наслов „Европски ангажман со Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес: анализа на напредокот во 2020-2021 година“ го иницира Балкан Форум и ги опфаќа самитите во Софија и Берлин кои се одржаа во 2020 и 2021 година. Самото истражување овозможува почеток за мултитематска анализа и дијалог на регионално ниво.
Според агендата на настанот, поздравен говор ќе одржи Астрит Истрефи, извршен директор на Балкан Форум. Воведен главен говор ќе одржи Н.Е. Мимоза Ахметај, поранешна амбасадорка на Република Косово во Стразбур, Франција, во ЕУ, Белгија, Луксембург, Словенија и НАТО.
Втор главен говор ќе одржи Франк Моравиц, Специјален координатор за активностите на Француско-германската канцеларија за млади (DFJW/OFAJ) во Југоисточна Европа и директор на Cross Border Factory.
Презентација на Платформата за граѓанско општество ќе одржи Жил Стрифлер, истражувач при Балкан Форум, а методологијата, наодите и препораките од истражувањето ќе ги презентира Арсилд Тепелија и Даниел Прони. На настанот е предвидена и сесија за прашања од публиката. Работен јазик на настанот е англискиот.
Медиумска поддршка на настанот обезбеди медиумската платформа и социјалните профили на Цивил, на македонски, албански и англиски јазик.