Од разговорот прислушуван од Службата за безбедност на Украина, стана познато дека вооружените сили на Украина елиминирале голема единица платеници на руската група Вагнер на исток, објави Службата за безбедност на Украина на Телеграм, откако украинските бранители уништија елитна единица, „обичните“ руски војници сега се плашат воопшто да се борат.
Во пресретнат телефонски разговор, руски окупатор ѝ се жали на сопругата дека ниту добро обучените платеници не можат да успеат да ги извршуваат своите задачи.
Според него, „оставени се мизерни остатоци“ од големиот број платеници испратени на задачата.
Како одговор, сопругата го советува да ја напушти војската.
Како што е соопштено, украински шпиони пресретнале разговор на руски агресор, во кој тој изјавил дека нема да го продолжи актуелниот договор за воена служба и покрај какви било закани.
Групата Вагнер е приватна милитантна групација, управувана од бизнисменот Евгениј Пригожин, еден од најблиските сојузници на претседателот Путин која работи како продолжена рака на државата.
Групата беше обвинета од западните влади и аналитичари за кршење на човековите права во Африка и вмешаност во конфликтите во Сирија и Либија. Групата Вагнер стана позната во 2014 година, кога се бореше со проруските сепаратисти во источна Украина.
Подготви: Д.Мишев