• Latest

Ердоган: Султанот – свингер, внатрешниот непријател на НАТО

May 12, 2023

ДИК: Поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи за советници, најмногу за Град Скопје

September 14, 2025
Фото: Фејсбук Орце Ѓорѓиевски

Скопје гори – Орце си тера предизборна кампања

September 14, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Хаотично заебавање

September 14, 2025

Вината за пожарите Мицкоски ја гледа кај некои центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Жителка на Трубарево заврши во болница, директорот на ЦУК, полицаец и војник на домашно лекување

September 14, 2025

Наместо политички спинови, Филипче понуди конкретен кризен план по пожарот во Трубарево, мерките да ги прифатат институциите

September 14, 2025

Обвинителството го истражува пожарот во Трубарево

September 14, 2025

ВМРО-ДПМНЕ обвинува без докази и аргументи: СДС(М) и ДУИ палат депонии – Филипче:Ова е надвор од секој здрав разум, наместо решенија, се нудат политички оправдувања и спинови

September 14, 2025

ЗНМ со насоки за новинарите за безбедно известување од пожари

September 14, 2025

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Ердоган: Султанот – свингер, внатрешниот непријател на НАТО

НАТО има внатрешен непријател и тој се движи кон својот пад. Слободниот свет ќе има причина да се радува ако претседателот Ердоган загуби на турските избори овој викенд

May 12, 2023 13:25
in АНАЛИЗИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Кога Турците ќе излезат на гласање викендов, тие не само што ќе го одредат идниот курс на политичкиот развој на нивната земја, тие ќе одлучат и дали Анкара може да ја задржи својата позиција како витален столб на западната алијанса.

Со оглед на тоа што турската економија е во колапс и земјата сè уште се бори да се помири со разорниот земјотрес во февруари, опозициските партии веруваат дека имаат ретка можност да го соборат Реџеп Таип Ердоган, авторитарниот лидер во земјата, пренесува Телеграф.

Некогаш поздравен како про-бизнис модернизатор кој ќе воспостави поблиски врски со Европа – вклучително и приклучувањето на Турција во ЕУ,  69-годишниот турски претседател двете децении на власт го охрабрија да усвои поавтократски пристап во управувањето со работите на неговата земја, со изразито исламистички поглед.

Ова доведе до прашања меѓу западните лидери за постојаната сигурност на Турција како сојузник на НАТО.

Тензиите најпрво се појавија околу поддршката на Анкара за исламистичките групи поврзани со Ал Каеда за време на сириската граѓанска војна, а се интензивираа кога Ердоган беше обвинет за предизвикување на масовната миграција на сириските бегалци во јужна Европа.

Во меѓувреме, Ердоган, од зад грб ги бомбардираше курдските позиции додека тие се бореа против Исис, и истовремено беше обвинет дека преку неговиот зет активно соработува со челниците на Исламската држава во трговијата со нафта.

Тие се надополнија кога Турција во 2017 година потпиша договор за оружје со Москва за купување на најсовремениот руски противвоздушен ракетен систем С-400, кој беше специјално дизајниран да соборува воени авиони на НАТО. САД одговорија со исклучување на Анкара од програмата за стелт-ловци Ф-35 и воведување санкции.

Во поново време, Турција ги фрустрира лидерите на НАТО со своето тврдоглаво одбивање да одобри приклучување на Шведска во Алијансата.

Од почетокот на војната во Украина, турскиот претседател балансира помеѓу двете страни за да го добие она што го сака. Од една страна, Турција испорача десетици свои напредни нападни беспилотни летала Bayraktar TB-2 на Кијив, кои што беа искористени за уништување долги колони руски оклоп.

Од друга страна, таа одби да воведе санкции кон Русија, привлекувајќи готовина и средства од олигарсите и туристите и удвојувајќи го увозот на руската нафта под ембарго.

Никаде не е поочигледна промената во динамиката на моќта како во Црното Море, каде што Турција посредуваше за договор што и овозможува на Украина да извезува жито во светот и покрај руската блокада на нејзините пристаништа. Кога Москва се закани дека ќе се повлече од договорот по минатонеделниот напад со беспилотни летала врз нејзините воени бродови, повикот од Ердоган беше доволен за да го врати Путин во редот, очигледно не сакајќи да го изгуби својот повремен сојузник.

Во меѓувреме, Турција, исто така, е обвинета за купување на украдено украинско жито со попуст од Русите во обид да ги намали зголемените цени на храната во земјата.

Дополнително, руските елити во Турција најдоа поддржувач во избегнувањето на западните санкции против руските олигарси кои требаше да извршат притисок врз Владимир Путин да стави крај на војната во Украина.

Роман Абрамович, поранешниот сопственик на Челзи, наводно, изнајмил замок на Босфор, и ја преселил својата суперјахта Соларис во Турција, и во моментов таа е закотвен во турското пристаниште Гочек. Во турските води е лоцирана и суперјахтата Спутник, брод од 60 метри со хелиодром кој се поврзува со Олег Дерипаска, уште еден санкциониран руски олигарх.

Додека Британија, САД и ЕУ воведоа санкции против олигарсите и сега ги избегнуваат руските пари, Турција не сакаше да го следи примерот. Како резултат на тоа, земјата стана прифатилиште за богатите Руси кои беа отфрлени од Западот.

Врските меѓу двете земји само се зближија по инвазијата на Кремљ врз Украина. Минатото лето турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и Путин се согласија да ја зголемат трговијата меѓу нивните нации на 100 милијарди долари (80 милијарди фунти) до 2030 година.

Ердоган одржува блиски односи со Путин додека војната се одолговлекува, тврдејќи дека може да ја игра улогата на посредник меѓу Москва и Брисел.

Сепак, западните власти се повеќе ја препознаваат Турција како центар за Русите кои сакаат да ги заобиколат санкциите, а суперјахтите се само врвот на ледениот брег.

Турција остана едно од последните меѓународни засолништа кои сè уште се отворени за руските пари. Многу богати Руси бараат место за префрлање на готовината надвор од нивната матична земја, каде што Кремљ би можел да стигне до нив.

Руските инвестиции во турски имот се речиси тројно зголемени, од околу 5.300 зделки во 2021 година на повеќе од 16.300 минатата година, според Турскиот статистички институт.

„Откако започна војната во Украина, можеме да видиме се повеќе Руси кои доаѓаат во Турција и постојано живеат тука“, вели Селчук Аргун, претседател на Транспаренси Интернешнл Турција.

Во прилог им оди и законот според кој секој што инвестира 400.000 долари или повеќе во турски имот има право на пасош.

Официјалните податоци не покажуваат каде во Турција се населуваат Русите, но одделни бројки покажуваат скок од 77 проценти на бројот на странски купувачи кои купуваат во Анталија, туристички град со пристаниште за јахти.

Во меѓувреме, бројот на компании основани од руски граѓани се зголеми за повеќе од осум пати, од 177 во 2021 година на 1.363 минатата година, според Сојузот на комори и берзи на Турција (TOBB).

„Околу 10 до 15 милијарди долари дојдоа во Турција во август, септември и октомври минатата година од Русија“, вели Пекер.

Дел од овие пари дојде преку Росатом, руската државна компанија за нуклеарна енергија, која гради нуклеарна централа вредна 20 милијарди долари во јужна Турција.

Податоците од турската централна банка покажуваат дека околу 25 милијарди долари пари со неизвесно потекло – готовина без официјална регистрација – влегле во земјата во 2022 година, вели Аргун. Ова беше нов рекорд и двојно повеќе од претходната година.

„Мислиме дека дел од овие пари биле парите што туристите ги носат во џебовите, но со оглед на тоа дека ова е рекорд, можеме да претпоставиме и дека дел од нив биле донесени од Руси“, вели Аргун.

Приливот е благодет за турската влада, која се бори со огромна инфлација.

Русија, исто така, се сложи да ги одложи околу 20 милијарди долари турски плаќања за природен гас, вели Пекер.

Веројатно само поради стратешки виталната локација на Турција на југоисточното крило на НАТО, таа успеа да го задржи своето членство во Алијансата. Следствено, многу лидери на НАТО очајно ќе се надеваат, заедно со десетици милиони Турци, дека претседателските и парламентарните избори во недела ќе резултираат со исфрлање на Ердоган од власт.

Сепак, Ердоган се соочува со критична битка за реизбор на почетокот на следната година во услови на влошување на економската криза во која инфлацијата се искачи до 85,5 отсто, а цената на храната и основните производи растат многу побрзо од платите.

Изборот на нов турски лидер секако ќе биде еден од најтесните избори во Турција во последниве години, а најновите анкети покажуваат дека опозицискиот лидер Кемал Киличдароглу, кој е поддржан од шестпартиска алијанса, ужива мала предност пред Ердоган. Поддршката за Киличдароглу, 74-годишен поранешен сметководител кој ја предводи Републиканската народна партија, постојано се надградува поради неговата посветеност да го разбие угнетувачкиот авторитарен систем што го воспостави Ердоган додека тој и неговите сојузници во Партијата на правдата и развојот (АКП) започнаа да ја уништиваат секуларистичката уставна рамка воспоставена од Кемал Ататурк, основачот на модерна Турција.

Ветувањето на Киличдароглу дека ќе го укине претседателскиот систем на Ердоган со повторно воспоставување на овластувањата на парламентот и премиерската функција, како и гарантирање на независноста на судството и печатот, особено ги погоди младите Турци.

Надвор од Турција, западните лидери покажаа голем интерес за посветеноста на Киличдароглу да ги потврди акредитивите на неговата земја во НАТО, ветувајќи дека ќе ги поправи односите со САД. Се зборуваше дури и за воскреснување на долгогодишниот обид на Анкара за пристап во ЕУ.

Новата турска влада предводена од сегашната опозицијата нема да мора да се приклучи на западните санкции, но би била посериозна во спречување на Русите да ги заобиколат.

Но, Ердоган, исто така, се покажа дека е лош губитник кога резултатите одат против него. Кога политичкиот ривал победи на изборите за градоначалник на Истанбул во 2019 година, Ердоган тврдеше дека резултатот е фиксиран и нареди повторување. И иако, во таа прилика, на крајот го прифати резултатот, постои загриженост дека нема да биде толку разумен ако во недела гласањето не му оди во прилог. Турскиот министер за внатрешни работи веќе постави основа за оспорување на исходот тврдејќи дека опозицијата е дел од западниот „обид за политички пуч“.

Тоа сугерира дека, дури и да победи опозицијата, нема гаранција дека ќе го видиме грбот на Ердоган.

Драган Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: избориНАТОРеџепт Таип Ердоганруски олигарсисанкции кон Русијатурција
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ