Лидерите на Европската унија вечерва се согласија да воведат нови санкции за рускиот финансиски, енергетски и транспортен сектор и да воведат контрола на извозот, како и да стават повеќе Руси на црната листа поради инвазијата на Москва врз Украина.
„Европскиот совет денеска се согласи за дополнителни рестриктивни мерки кои ќе наметнат огромни и тешки последици врз Русија за нејзината акција“, се вели во соопштението на 27-те национални лидери на ЕУ на состанокот во Брисел.
„Овие санкции го опфаќаат финансискиот сектор, енергетскиот и транспортниот сектор, стоките со двојна употреба, како и контролата на извозот и финансирањето на извозот, визната политика, дополнителните списоци на руски физички лица“, се вели во соопштението.
Во меѓувреме Пентагон објави дека САД ќе распоредат уште 7.000 војници во Европа, кои ќе бидат во Германија, како одговор на руската инвазија на Украина, објави Пентагон.
„Тие ќе се распоредат во Германија за да ги уверат сојузниците во НАТО, да ја одвратат руската агресија и да бидат подготвени да поддржат низа барања во регионот“, рече претставник на Пентагон.
Тој додаде дека се очекува тие да заминат „во наредните денови“.