Советот на ЕУ денеска ги продолжи санкциите на Унијата против сириските власти до 1 јуни 2019 година.
– Имајќи ја предвид континуираната репресија врз цивилното население, ЕУ одлучи да ги задржи своите рестриктивни мерки против сирискиот режим и неговите приврзаници, а во согласност со стратегијата на ЕУ за Сирија, стои во соопштение на Советот.
Советот исто така ги ажурира информациите што се однесуваат на одредени лица и ентитети на списокот на санкционирани и отстрани две починати лица.
(МИА)