• Latest

ЕУ: Нема да мируваме до денот на победа на Украина

February 23, 2023

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

ЕУ: Нема да мируваме до денот на победа на Украина

February 23, 2023 22:36
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Земјите-членки на ЕУ денеска издадоа заедничка изјава по повод годишнината од инвазијата врз Украина во која се вели дека Европската унија ќе продолжи да ја поддржува Украина политички, економски, хуманитарен, финансиски и воено, вклучително и брзи координирани набавки од европската индустрија.

– Ние ќе ја поддржиме и обновата на Украина, за која ќе бараме да ги користиме замрзнатите руски средства во согласност со ЕУ и меѓународното право. Дополнително ќе го зголемиме колективниот притисок врз Русија да стави крај на нејзината агресивна војна. За таа цел, ќе го усвоиме десеттиот пакет санкции и ќе преземеме чекори против оние кои се обидуваат да ги заобиколат мерките на ЕУ, се вели во соопштението и се додава дека ЕУ ја поддржува „мировната формула на претседателот Зеленски“.

Во соопштението се нагласува дека „украинскиот народ покажа неверојатна сила во одбраната на својата татковина и основните принципи на меѓународното право против руската агресија. Тие покажаа решителност во одбраната на демократијата и слободата, издржливост пред тешкотиите и достоинство кога беа соочени со руските злосторства“.

Земјите-членки сметаат дека „Руската агресивна војна и нејзините последици значително се одразиле врз многу земји, особено на глобалната економија, на цените на храната и на стоките“.

– Европската унија и нејзините партнери дејствуваа брзо и обединето. И ние ќе продолжиме да стоиме цврсто и во целосна солидарност со Украина и нејзиниот народ онолку долго колку што е потребно. Сите Украинци заслужуваат да живеат во мир и слободно да ја изберат својата судбина. Украина е дел од нашето европско семејство. Украинците ја изразија својата желба за иднина во Европската унија и ние го признавме тоа со тоа што и доделивме на Украина статус на земја кандидат. Изборот на народот на Украина е избор на мир, демократија, владеење на правото, почитување на основните права и просперитет, се вели во изјавата.

Земјите-членки подвлекуваат дека ќе работат со меѓународните партнери за „Украина да победи, да се почитува меѓународното право, да се обноват мирот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признаени граници, Украина да биде повторно изградена и правдата да биде задоволена. До тој ден, нема да мируваме“, заклучуваат во заедничката изјава земјите-членки на ЕУ.

Инаку, Европската унија денеска не успеа да се договори за десеттиот пакет санкции против Русија. Пакетот требаше да биде усвоен утре на годишнината од инвазијата врз Украина.

Tags: ЕУРусијаУкраина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ