• Latest

ЕУ одобри 225 милиони евра за Северна Македонија, Маричиќ – процесот на зачленување во ЕУ може да заврши во 2027, Националната Гарда на Вермонт му додели медал за заслуги на Пендаровски

August 17, 2022
Бесар Дурмиши, министер за економија
фото/ Фб профил

Дурмиши најави ригорозни мерки ако има девијантно однесување од трговците

July 2, 2025
Министерство за надворешни работи на Украина

Украинското МНР предупреди дека одложувањето на воената поддршка на САД само ќе ја охрабри Русија да продолжи со теророт

July 2, 2025
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Со полициска придружба од Кочани се транспортира предметот „Пулс“ до Основниот Кривичен суд Скопје

July 2, 2025
Фото: МИА

Претседателот на Уставен суд им одговори на независните кандидати: Суд може да оцени уставност на закон, а не на Предлог -законите

July 2, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Дали по „раскинувањето“, Трамп ќе го депортира Елон Маск?

July 2, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: „Теленовела“ Рама-Фараж; Косовските партиски лидери на средба кај претседателката поради кризата со собранието; 35 години од Декларацијата на косовскиот Устав

July 2, 2025
Фотографија: Викимедиа/ Graham Crumb/Imagicity.com

Австралиска истрага открива дека Абориџините биле жртви на геноцид

July 2, 2025

ДУИ: Власта не смееше да дозволи изјавата на Кос, дека „идентитетот не е предмет на политички условувања, туку суштина на човековото достоинство и израз на неговата посебност“, да стане цел на кампања на омраза и потсмевање

July 2, 2025

(РЕПРИНТ) Моите идентитети не се само потребни проценти

July 2, 2025
Украински воени затвореници Photo: Amnesty International

Руски воени злосторства: „Врзан за мотоцикл и влечен“ – Русија веројатно егзекутирала уште еден украински воен заробеник, вели омбудсманот Лубинец 

July 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ЕУ одобри 225 милиони евра за Северна Македонија, Маричиќ – процесот на зачленување во ЕУ може да заврши во 2027, Националната Гарда на Вермонт му додели медал за заслуги на Пендаровски

August 17, 2022 15:34
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ЕУ одобри  225,6 милиони евра неповратни средства за нови проекти во Северна Македонија

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на денешната прес-конференција ја презентираше искористеноста на ЕУ фондовите, Инвестициската рамка со европски средства за Западен Балкан и што се планира во новиот ИПА 3 концепт за периодот 2021-2027 година, истакнувајќи дека сè подобро и подобро ги користиме фондовите на Европската унија.

На крајот на јули 2022 година, Европската унија ги одобри првите проекти за спроведување на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан. Северна Македонија доби поддршка за четири инвестициски проекти во износ од 225,6 милиони евра. Одобрени се: Проектот изградба на железница помеѓу Северна Македонија и Бугарија во рамки на Коридорот 8, секција Крива Паланка – граница со Бугарија, доделен е грант во износ од 149.2 милиони евра, проектот за набавка на опрема за Осломеј 1 – Фотоволтаична станица доделен е грант за Северна Македонија во износ од 1.6 милиони евра, Проектот за набавка на опрема за Осломеј 2 и Битола – Фотоволтаична централа доделен е грант во износ од 5 милиони евра и проектот за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Скопје доделен е грант во висина од 69.8 милиони евра.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Маричиќ: Северна Македонија по кластери стои подобро или еднакво со државите кои веќе преговараат 10 години, рано е да се зборува за седницата за уставни измени

„Ако ги гледате извештаите на ЕК, Северна Македонија анализирано по кластери стои подобро или еднакво добро во најголем дел од кластерите со државите кои веќе преговараат 10 години. Тоа значи дека ние не сме го изгубиле времето во чекална и дека сме работеле интензивно на усогласување и на прописите и на праксата, на нивно имплементирање. Секако дека имаме многу работа, далеку од тоа дека работата е завршена, но треба да си поставиме амбициозни цели за да можеме да исполниме во некој реален рок. Гледано, најоптимистички оваа рамка за претпристапна помош завршува 2027 година и ние треба да работиме и да се бориме наредната претпристапна рамка да важи за што помалку држави, односно да бидеме држава членка, одговори Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украинскиот претседателт Володимир Зеленски, во своето синоќешно видео обраќање изјави дека, за да ги протераат окупаторите, Украинците мора да направат се за да ѝ отежнат на Русија да води војна.

Секој ден и секоја вечер гледаме нови извештаи за експлозии на територијата која привремено ја окупираа окупаторите. Сега ги молам сите наши луѓе на Крим, во другите региони на југот на земјата, во окупираните области на Донбас и Харкивската област да бидат многу внимателни. Ве молиме, не одете во близина на воените објекти на руската армија и сите оние места каде што складираат муниција и опрема, каде што го чуваат својот штаб, порача Зеленски.

*

Русија се обидува да шири искривени информации за максималистичката цел што би сакала да ја постигне во војната против Украина, соопшти Институтот за проучување на војната (ISW), тинк-тенк со седиште во САД, во својот дневен извештај, пренесува Укринформ.

Во нивната анализа на ситуацијата од 16 август, експертите на ISW изјавија дека „руските стратешки цели остануваат непроменети: промена на режимот во Киев и обезбедување територијална контрола над поголемиот дел од Украина“.

*

Руските власти ги ставаат одбранбените претпријатија во земјата на 24-часовен работен распоред, објави новинарот на Укринформ Роман Цимбалиук на Телеграм.

„Раководството на Руската Федерација почна да спроведува тајни мерки на таканаречената „индустриска мобилизација“ на нивните одбранбени компании и претпријатија. Компаниите се префрлија на 24-часовен распоред. Сепак, работниците не може ни да сонуваат за какво било зголемување на платата “, напиша Цимбалиук.

*

Украинските напади врз руски цели во привремено окупираниот Крим се веројатно дел од кохерентна украинска контраофанзива за враќање на контролата врз западниот брег на реката Днепар, соопшти Институтот за проучување на војната (ISW), тинк-тенк со седиште во САД, во проценката на руската офанзивна кампања за 16 август, пренесува Укринформ.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Зелен ЦИВИЛ со панел дискусија за регулација на отпад, состојби и решенија

Зелен ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) организира панел дискусија на тема „Отпад, регулација на отпад, состојби и решенија“, што ќе се одржи утре, четврток, со почеток во 13:30 часот во прес центарот на ЦИВИЛ во Бизнис центар „Палома Бјанка“.

Учесници на панелот ќе бидат заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска и Георги Клинчаревски и Анета Минчева, од Одделението за урбанизам и заштита на животна средина во Општина Шуто Оризари. Модераторка на панелот ќе биде Биљана Јордановска.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ДОСТИГНУВАЊА Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими командантот на Националната Гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт., информираат од претседателскиот кабинет. На средбата и претходеше свеченост во Кабинетот на Претседателот на која генерал-мајорот Грегори Најт му додели „Медал за заслуги“ на претседателот Пендаровски за особени достигнувања во периодот од 12 мај 2019 година до 9 јули 2022 година, како извонреден и важен поддржувач на државната програма за партнерство со Националната гарда на Вермонт.

КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ Претседателот на САД Џо Бајден денеска треба да го одобри нацрт-законот за климатски промени и здравствена заштита предложен од демократите. Легислативата вклучува една од најзначајните федерални инвестиции во историјата на борбата против климатските промени во висина од околу 375 милијарди долари до крајот на оваа деценија.

ДИГИТАЛИЗАЦИЈА Усвоени законски измени за целосна дигитализација на процесите со цел подобрување на искуството на граѓаните при вадење на лични документи.

СТРУЈА РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“ произведоа за приближно 40 проценти повеќе електрична енергија во првите седум месеци од годинава во споредба со истиот период лани. Од јануари до јули годинава термоелектраните произведоа 1559 гигават часови електрична енергија, а во истиот период лани 1126, информираа денеска од АД „Електрани на Северна Македонија“

ДЕПОНИИ Потпишувањето на договорот со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за изградба на регионални депонии по стандардите на ЕУ во пет региони во земјава е возможно да се случи откако Собранието на РСМ ќе го изгласа Законот за заем, информираат  од Министерството за животна средина и просторно планирање.

ИЗБОРИ Право на глас на локалните избори за градоначалник во Центар Жупа имаат 7154 гласачи. На изборите за градоначалник на Маврово и Ростуше право на глас, според Избирачкиот список имаат 9948 гласачи. За членови на Совет на Општина Тетово, право на глас имаат вкупно 84072 гласачи. Во Маврово и Ростуше ќе се гласа на 39 избирачки места, во Центар Жупа на 16 избирачки места, а во Тетово гласањето ќе се одвива во 117 избирачки места.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за настапот на претседателката на Самитот на НАТО?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ