Нејзината видео порака, како и пораките од други европски лидери ги објави Фондацијата Роберт Шуман, во знак на сеќавање на апелот упатен на 9 мај 1950 година, што се смета за текст на кој се поставени темелите на Европската унија.
До крајот на мај, Фон дер Лајен треба да го претстави планот за опоравување на економијата. Франција се залага за трогодишно издвојување пд 1.000 до 1.500 милијарди евра за економско заздравување и инвестиции во ЕУ. Меѓутоа Германија, Холандија, Австрија, Финска, Данска и Шведска одбиваат да ги здружат надоместоците во име на солидарност со земјите кои се најмногу погодени од коронавирусот и рецесијата.
– Солидарноста е во наш интерес, рече претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард, додека Мишел Барние, европскиот преговарач со Велика Британија, оцени дека Европа е во опасност и е кревка.
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел истакна дека соработката, солидарноста и способноста за заедничко дејствување претставува јадрото на европскиот успех.