• Latest

Еуроактив: БиХ неделава ќе добие кандидатски статус

December 12, 2022

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Еуроактив: БиХ неделава ќе добие кандидатски статус

December 12, 2022 12:41
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Босна и Херцеговина треба да добие статус на кандидат за ЕУ оваа недела, дознава Еуроактив, по препораката од Европската комисија во октомври, бидејќи Унијата почна да внимава на стратешкото значење на регионот.

Земјите-членки на ЕУ оваа недела треба да потпишат нацрт-документ за процесот на проширување, стабилизација и асоцијација на ЕУ, во кој Еуроактив имал увид, а кој „препорачува да и се додели статус на земја-кандидат на Босна и Херцеговина“.

Чекорот ќе дојде откако претходно во октомври, Европската комисија препорача да му се даде кандидатски статус на Сараево како дел од својот годишен извештај за проширувањето, но приложи листа од осум реформски приоритети за кои рече дека ќе помогнат да се зајакне демократијата во земјата.

Тие вклучуваат мерки за зајакнување на владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал, управувањето со миграцијата и основните права.

Босна и Херцеговина е потенцијален кандидат за членство во ЕУ од 2003 година а официјално аплицираше за тоа во февруари 2016 година.

„Во тековниот геополитички контекст, Советот ја нагласува итноста земјата да напредува на својот пат кон ЕУ“, се наведува во нацрт-документот, иако сепак ја нагласува потребата од исполнување на тие приоритети.

За долгорочните набљудувачи, препораката на Комисијата е изненадување бидејќи овогодинешниот извештај за проширувањето забележа само ограничен напредок, особено во однос на изборните реформи.

Сепак, комесарот за проширување Оливер Вархеји изјави за Еуроактив дека идејата е дека „Босна има поента да докаже дека тие ќе ги прават работите поинаку“, додавајќи дека овој морков не е понуда за политичката класа, туку за земјата.

Според нацрт-документот, европските министри треба „со загриженост да го забележат севкупниот ограничен напредок во реформите“, но ќе ги истакнат позитивните чекори преземени од Сараево за неколку прашања.

Тие најмногу се однесуваат на изменување и дополнување на законот за јавни набавки, управување со јавните финансии, назначување на четворица судии во испразнети и ратификација на неколку договори на ЕУ за истражување, цивилна заштита и соработка со ЕВРОПОЛ.

„ЕУ очекува брзо да се формираат функционални законодавни тела и влади на ниво на држава, ентитет и кантон за да се фокусираат на реформите на патот кон ЕУ“, се забележува понатаму во нацрт-документот.

Минатиот месец, десетина партии во бошњачко-хрватската федерација на Босна и Херцеговина потпишаа коалициски договор по општите избори во октомври, отворајќи го патот на владата да започне со работа и исполнувајќи еден од условите за приближување на земјата до добивање кандидат за ЕУ статус.

Според познавачите на ова прашање, следните чекори се очекува да бидат формалност и одлуката треба да биде одобрена од амбасадорите на ЕУ денеска, од министерот за европски прашања утре и на крајот од лидерите на ЕУ на нивниот редовен самит подоцна оваа недела.

Чешкото претседателство со ЕУ, Австрија, Словенија, Италија и Унгарија беа значајни поддржувачи на одлуката.

Главните противници во изминатите недели, Франција, Холандија и до одреден степен Германија веруваа дека доделувањето кандидатски статус сега ќе биде незаслужена награда за властите во заминување на Босна и Херцеговина, кои направија многу малку за да ги унапредат амбициите на земјата за ЕУ.

Холандија се истакна како најскептична земја-членка, но се чини дека нема да застанат на патот на овонеделната одлука, прогнозира Еуроактив.

Извор: Еуроактив, пренесува Новатв.мк

Tags: БиХЕУ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ