Рускиот лидер Владимир Путин можеби верува дека ја добива војната под сегашните услови, поради што не покажува интерес за прекин на непријателствата, изјави Андриус Кубилиус, европски комесар за одбрана и вселена, за време на посетата на САД, објави Укринформ, повикувајќи се на неговата изјава на Фејсбук и интервју за Си-Ен-Ен.
„Гледам дека тој сака да продолжи“, рече Кубилиус кога беше прашан дали Путин е заинтересиран за мировни преговори или како да ја продолжи војната.
„Многу европски лидери многу јасно велат дека нема јасна слика дека Путин ќе се согласи на мир ако ситуацијата продолжи да биде каква што е сега. Можеби, тој мисли дека победува во оваа ситуација. Затоа силата на украинската страна е еден од условите како мирот може да се донесе многу побрзо. И тоа е она што треба да го направиме,“ додаде еврокомесарот
Д. Мишев