• Latest

Европа со над 10 милиони заразени со Ковид-19

October 31, 2020
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Европа со над 10 милиони заразени со Ковид-19

October 31, 2020 11:06
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Над 10 милиони случаи на заразени со новиот коронавирус се регистрирани во Европа откако првпат го погоди континентот на почетокот на годината, според здравствените власти.

Германија регистрира рекордни 18.681 нови случаи на заразени со новиот коронавирус во изминатите 24 часа, соопшти Институтот за контрола на болести Роберт Кох, додека државата се подготвува за нови анти-епидемиски мерки следната недела.

Чешка, со 10,7 милиони жители, е меѓу европските земји со најсериозно зголемување на бројот на коронавирус-инфекции во Европа. Државата се бори со една од најбрзо растечките стапки откако вкупниот број на случаи се искачи на повеќе од 280.000, а смртните случаи надминаа 2.500.

Словачка почнува со скрининг на целото население (лица над 10-годишна возраст) за новиот коронавирус со брзи антиген-тестови, што би било прво тестирање на цела нација. Критичарите велат дека планот на владата не е добро осмислен.

Околу 45.000 медицински работници, војници и полицајци ќе бидат на располагање да ги извршат тестовите врз 5,4 милиони жители во таа членка на ЕУ. Тестовите ќе бидат извршени во околу 5.000 медицински пунктови.

Британскиот премиер Борис Џонсон разгледува опции за воведување нови мерки за карантин на национално ниво од следната недела.

Главната причина за тоа е загриженоста поради преоптовареноста на болниците поради големиот скок на бројот на новоинфицирани со Ковид-19,

Сенатот- горниот дом на францускиот парламент, во кој доминира десничарската опозиција, при првото разгледување на законот гласаше за продолжување на здравствената вонредна состојба, ограничувајќи ја до 31 јануари, додека владата сака нејзино продолжување до 16 февруари, јави дописникот на МИА.

Наспроти советот на владата, Сенатот исто така го укина продолжувањето, до 1 април 2021 година, на режимот за излез од здравствената вонредна состојба, кој го смета за „непотребен“ и предвидува контрола на Парламентот врз воведувањето на мерките за ограничување. Сенатот едногласно гласаше за амандманот на известувачот Филип Ба (Републиканци) со кој се предвидува повторните мерки на општо ограничување или карантин, кој стапи на сила овој петок, по 8 декември може да се одобри само со закон.

Во последните две недели, Белгија бележи најголем број на заразени луѓе на 100 илјади жители во Европа и втора највисока стапка на смртност во светот.

Иако обраќањето на премиерот на Белгија е закажано за во 19 часот, РТБФ јави дека на денешната средба на премиерот со претставниците на федералните и ентитетските органи е донесена одлука за затворање на државата, по примерот на Франција, почнувајќи од 1 ноември и ќе трае најмалку еден месец.

Од 1 ноември, според медиумот, сите невитални продавници во Белгија се затвораат, забранети се посети на домови, како и сите заминувања од домови, освен во случај на купување, посебна потреба или на работа.

Надворешните граници на Белгија исто така се затвораат за сите патувања, освен оние што се неопходни и се најавуваат засилени полициски проверки. Сите барови и кафулиња во земјава се веќе затворени во  октомври, маските се задолжителни насекаде во јавниот простор, а полицискиот час е во сила од 22 до 6 часот наутро.

Италија регистрира рекордни 31.084 нови случаи на коронавирус во изминатите 24 часа, а 199 лица починале од Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство.

Ова е најголемо зголемување на бројот на случаи од почетокот на здравствената криза и повисоко од претходниот рекорд од 26.831 случај регистрирани вчера.

Бројот на смртни случаи е помал од вчера, кога беа регистрирани 217 жртви од Ковид-19.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ