• Latest

Алиу за ЦИВИЛ: Европа сврти надесно – Што значи тоа за Западен Балкан?

June 12, 2024
Анџелина Џоли во посета на градот Херсон. Фото: Украинскиот медиум Мост

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Алиу за ЦИВИЛ: Европа сврти надесно – Што значи тоа за Западен Балкан?

June 12, 2024 14:01
in АНАЛИЗИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Резултатите од изборите во Европската унија со голема победа на десницата но и на екстремната левица беа очекувани, изјави за ЦИВИЛ Медиа универзитетскиот професор Мурат Алиу. Тој вели дека растот на екстремната десница е загрижувачки за самата Европска унија, но не на алармантно ниво со какви било последици за самата Унија.

„Сите анкети зборуваа за зголемување на екстремната десница, но не само екстремната десница туку и екстремната левица. Помалку или повеќе, тие имаат свои сличности, особено во однос на Европа, консолидацијата на Европската Унија и во овој контекст има прилично голем раст, да речеме, на двете крајности. Ова за поборниците и поддржувачите на Европската унија или за оние кои сакаат силна ЕУ е пораз, но не толку загрижувачки бидејќи социјалдемократските партии и партиите десно од центарот и либералите успеаја да го задржат мнозинството во Европскиот Парламентот и сите овие партии се про-Европската Унија“, рече професорот Алиу.

Што се однесува до земјите кои претендираат да станат членки на Унијата, за професорот по политички науки, Мурат Алиу, овој резултат значи благо зголемување на потешкотиите на евроинтеграцискиот процес, но оптимист е за умереноста на екстремната десница и омекнувањето на тоновите по нивното доаѓање на власт.

„Мислам дека ЕУ, и земјите кои се веќе членки на ЕУ, но и земјите кои се стремат кон ЕУ, ќе се соочат со поголем отпор во Парламентот, имајќи предвид дека екстремната десница и екстремната левица ги зголемија своите бројки во Парламентот, што значи дека ќе има отпор по ова прашање, дискурс или поостар јазик, или политики повеќе против Европската Унија. Ова ќе ја отежне интеграцијата на земјите аспиранти во ЕУ, особено од Западен Балкан, но сакам да останам оптимист“, рече Алиу.

Полесен пат за Албанија поради блискоста Рама-Мелони

Првиот човек на Евроатлантскиот совет и  познавач на состојбите, Исмет Рамадани за ЦИВИЛ Медиа вели Албанија има полесен пат поради тоа што има добри односи со Италија. Што се однесува до Косово, тој вели дека не треба да се назначуваат олеснувачи од земји кои не го признаваат Косово како држава.

„Што се однесува до Албанија, таа нема да има проблеми во нејзиниот пат кон Европската унија особено поради зајакнувањето на Ѓорѓа Мелони во Италија и односите кои сега се речиси лични меѓу албанскиот премиер Еди Рама и италијанската премиерка. Иако Еди Рама припаѓа на левицата, тој знаел и знае како да одржува односи дури и со конзервативната десница, а сето тоа нема да биде проблем за Албанија. Меѓутоа, Албанија има проблем со Грција во врска со овој случај на Фреди Белери, но сепак мислам дека Рама има способност и потенцијал да најде решение и да тргне кон интеграцијата“, вели Рамадани.

Во однос на Косово, може да се очекуваат одредени „услуги“ во однос на оние кои ќе посредуваат во разговорите со Србија истакнува Рамадани.

„Свесни сме дека двајцата европски претставници Борел како министер за надворешни работи кој го назначи Лајчак, од сите разговори меѓу Косово и Србија резултатите не се воопшто задоволителни или нема напредок. Напротив, наместо да се нормализираат односите Косово-Србија, тие се влошија. Мора да се назначи европски претставник кој нема да биде од земјите кои се уште не го прифатиле Косово како држава. Тоа треба да биде олеснувач кој сепак има влијание, се разбира дека САД овде помагаат овде како и секогаш“.

Гаранциите што ги бара ВМРО-ДПМНЕ од ЕУ со победата на десничарите, ќе бидат декларативни, но не и на хартија

За тоа колку победата на европските десничарски партии ќе влијае на евроинтеграцискиот пат на Северна Македонија, Исмет Рамадани вчера за ЦИВИЛ Медиа истакна дека ќе има континуиран притисок и барања земјата да ги исполни обврските што произлегуваат од францускиот предлог, а тоа се уставните измени. Дури, како што вели Рамадани, сега тоа ќе го прават со поголем и директен кредибилитет бидејќи ВМРО-ДПМНЕ припаѓа на групацијата на европските конзервативни народни партии ЕПП.

„ВМРО – ДПМНЕ, како конзервативна десничарска партија, не може да го избегне ова барање и да бара алиби во другите опции, бидејќи во крајна линија, за да останат како членка и во дискурс со овие конзервативни партии или ЕПП, мора и да го пренесат нивниот начин и барања и мислам дека тоа ќе влијае да се забрза да се најде некое споредно алиби, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ било каква гаранција и таа гаранција ќе биде декларативна и нема да биде во никакво посебно писмо или со нешто што може да ја промени рамката на преговори со Европската Унија. Исто така, оваа групација на конзервативни партии треба да внимава ВМРО-ДПМНЕ да не се придвижи кон екстремната десница“, рече меѓу другото Рамадани.

Назми Абдурахмани

 

Tags: десницатаЕвропска УнијаИсмет РамаданиМурат Алиу
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ