Младите луѓе веруваат во европските вредности и знаат што се европски вредости, ги применуваат тие вредности, односно би рекол дека има мала бројка млади не се запознаени со европските вредности. Младите не ни знаат дека вредостите што ги носат се токму европските вредности.
Сметам дека треба да се посвети поголемо внимание на оваа тема, во имплементација на европските вредности, за младите целосно да ги применуваат, изјави Андреј Стојкоски од Национален младински совет на панелот на ЦИВИЛ „Младите и европските вредности“.