• Latest

Европската комисија одблизу ги следи промените за државно рекламирање во Северна Македонија

May 22, 2022

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025

24 ЧАСА: Лидерски самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје; Трамп му порача на Маск да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка; национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата во Србија; растат тензиите меѓу Баку и Москва 

July 1, 2025

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

July 1, 2025

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
Фотомонтажа; Скриншот од Влада на РСМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

July 1, 2025

За Кос членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, Мицкоски очекува секаков инженеринг во ЕП

July 1, 2025
Фото: Скринчот од вифро на каналот Астра на Х

Украински дронови „со хируршка прецизност“ нападнаа руска фабрика на 1.300 км оддалеченост, на Крим уништени скапи руски системи за воздушна одбрана 

July 1, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Европската комисија одблизу ги следи промените за државно рекламирање во Северна Македонија

May 22, 2022 14:41
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

По најавите на новинарската фела во Северна Македонија дека се разговара за повторно воведување владини реклами во медиумите, Европската комисија потсетува дека и во ЕУ се подготвуваат промени, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Иако ништо не е официјално, новинарската фела во Северна Македонија подолго време предупредува дека контроверзниот член 102 повторно е во игра.

Членот 102 од Законот за аудиовизуелни медиумски услуги се укина по Пржинскиот договор во 2015, а владата на СДСМ се заложи за забрана за државно рекламирање по 11-те години владеење на Никола Груевски и злоупотребата на оваа пракса од страна на неговата влада како поткуп на медиумите. Пракса која беше и редовно критикувана во извештаите на Европската комисија.

Како што јави БИРН пред неколку дена, Министерството за информативно општество и администрација (МИОА) соопштило дека „во тек се разговори“ за промените во оваа пракса, но без повеќе детали, додека вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи рекол дека „Владата би разговарала за помош“ со од прилика осум милиони денари годишно. За поголема буџетска помош, пишува БИРН, владата ќе бара „општествен консензус“, односно одобрување и од опозицијата и од новинарската професија. Оваа поголема помош, вели БИРН, би можела да достигне 0,1 отсто од државниот буџет.

За МИА од Европската комисија изјавија дека не навлегуваат во детали додека не се официјализира одлуката, но ја следат ситуацијата.

– Ја следиме ситуацијата. Секоја промена на медиумското законодавство треба да биде во согласност со законите и стандардите на ЕУ. Тие бараат широк политички консензус и консултации со главните чинители, изјави портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро, за МИА.

Писонеро потсети дека во извештајот на Комисијата во 2021 веќе се нотирани забелешките и загриженоста на медиумските здруженија во Северна Македонија за можни амандмани на членот 102 на законот за АВМУ за да се дозволи повторно државно рекламирање „од јавен интерес“.

И во времето на владеењето на Груевски овие кампањи се водеа како „јавен интерес“.

Што се однесува до законите и стандардите на ЕУ на кои потсетува Писонеро во својот одговор, во овој момент не постои законодавство кое директно се занимава со државното и политичкото рекламирање, но и ова наскоро би требало да се смени.

Европската комисија, посебно под влијание на еврокомесарката за транспарентност, Вера Јурова, последните години интензивно предлага законски промени и нов политички пристап кон медиумските прашања, област во која Европската Унија располага со многу малку надлежности генерално.

Во ноември 2021, Комисијата предложи пакет мерки за зајакнување на демократијата, во кој една од одредбите е токму Регулативата за транспарентност и таргетирање на политичко рекламирање. Со оваа регулатива ќе се воведе нов „строг стандард“ за транспарентност во областа на политичките реклами за сите видови медиуми во ЕУ.

Како што објаснуваат од Европската комисија овој пакет на мерки е дел од поширокиот акциски план за европска демократија, чија цел е да се зајакнат мерките за фер и слободни избори, независни медиуми и зголемување на демократското учество, меѓу другото. Од Европската комисија потсетуваат за МИА исто така дека во почитувањето на европските стандарди спаѓаат и низа конвенции и документи од Советот на Европа.

– Кога велиме законите на ЕУ треба тоа да биде разбрано во поширокиот контекст на доктрината и стандардите на Советот на Европа, потсетуваат од Комисијата.

Во однос на самото политичко рекламирање, предлогот на Европската комисија за „транспарентност и таргетирање на политичкото рекламирање“ вклучува „строги стандарди за транспарентност за давателите на услуги во оваа област, вклучително и одредби за транспарентност во однос на износот и изворите на финансирање кои ги користат спонзорите на политичкото рекламирање“, стои во предлогот на Комисијата.

Овие податоци ќе се објавуваат во белешки за транспарентност кои ќе се ставаат на располагање за сите политички реклами. Обврската се однесува на секој вид политичко рекламирање во ЕУ, но и рекламирање кое би можело да влијае врз исходот на било кои избори, референдуми, или законодавен и гласачки процеси.

Исклучок се практични информации од официјални извори во однос на организацијата и модалитетите за учество во избори или референдум, тие не се сметаат за политичко рекламирање во предлогот на Европската Комисија.

Европската комисија меѓутоа прави разлика меѓу политичкото и државното рекламирање и државните пари за медиуми. Државното рекламирање не е предмет на стандарди на ЕУ или на Советот на Европа. Сепак, во редовниот извештај за состојбата со владеењето на правото во земјите членки, Европската Комисија сепак го разгледува овој дел во рамките на нејзиниот мониторинг на медиумски плурализам, поради фактот што постојат „реални ризици од нетранспарентна дистрибуција на вакви пари во некои земји членки и начинот на кој некои држави го користат ова за да го контролираат медиумскиот пејзаж“, велат од Европската комисија за МИА.

Оваа комплексна законодавна слика на ЕУ се однесува и на земјите кандидати кои постепено мораат да се усогласат со стандардите на ЕУ во текот на преговарачкиот процес, но го покажува и лимитот на надлежноста на Комисијата во делот на медиумските политики, кои остануваат во рацете на земјите членки. Со сѐ поагресивното заземање на контрола врз медиумите во земји како Унгарија и Полска, Комисијата се обидува пред сѐ преку алатките за набљудување на владеењето на правото да врши надзор и во оваа област.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за настапот на претседателката на Самитот на НАТО?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ