Според досегашниот договор, првично ќе бидат мобилизирани околу половина трилион евра, поточно, 540 милијарди евра, како мешавина од кредити и гаранции, за да им се дадат евтини кредити на малите и средни претпријатија. Тоа претставува еден вид исплаќање пари за скратено работно време за сите вработени во целата ЕУ и гарантирање овозможен пристап на државите до 240 милијарди евра од Европскиот механизам за стабилност.
Секој кој барем малку ја познава Европската Унија, нејзината сложена структура и начин на функционирање, знае дека, сепак, земјите членки на крајот ќе постигнат некаков договор, особено кога тој им е потребен на сите. Токму затоа, изминатиот период критичарите на европската политика и економија ги впрегнаа сите расположливи средства и побрзаа да ги споделат своите прогнози со светот, за нефукнционалоста и неодржливоста на економскиот систем на Унијата.
Впрочем, тоа го потврдува и финансиската криза која започна во 2008 година, кога, како и сега, во Германија на власт беше голема коалиција под раководство на Ангела Меркел. Со цел да се заштити економијата, во буџетот за 2010 година беше планирано задолжување од 86 милијарди евра, кои на крајот на годината беа 44 милијарди евра, но во наредните три години беа додадени над 61 милијарда евра. И тогаш, како и сега, имаше негодувања и несогласувања, особено во однос на висината, но и начинот на којшто се враќаа овие пари. Сметката мораше да се плати, а ќе мора да се плати и оваа.
Финансиските кризи од вакви размери бараат огромни жртви, а тука товарот пред се паѓа на даночните обврзници. Сигурно дека во наредниот период ќе се повторат сликите од 2011 година и тоа многу подрастично. Ако кризата во Европската Унија се спореди со онаа во Соединетите Американски Држави каде првично се одобрија 2 трилиони долари, сумата од половина билион евра се чини дека не е ни далеку од доволна.
Простор за понатамошен договор сѐе уште има, а тој најверојатно ќе зависи од задолжувањето на останатите ЕУ земји. Всушност Создавањето на фондот за обнова на заедничките долгови е главната препрека околу која се сопнуваат ставовите на земјите членки. Доколку фондот за обнова не биде добро обмислен и спроведен контролиран извор на пари лесно може да прерасне во опасен инструмент.
Воведувањето на заеднички долгови може да го доведе Северот во ситуација во која трајно ќе ги кофинансира долговите на југот, што е многу поверојатно дека ќе доведе до распад на Унијата, отколку моменталните несогласувања.
М. Ивановска