• Latest

Европската солидарност ги разочара евроскептиците

April 13, 2020

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Европската солидарност ги разочара евроскептиците

Првичниот договор меѓу земјите членки на Европската Унија околу финансиската криза предизвикана од пандемијата на КОВИД-19 ги разочара евро-скептиците чија пропаганда изминатите недели типуваше на распад меѓу Северот и Југот, па дури и целосен распад на Унијата, поради несогласувањата околу корона обврзниците кои Југот ги побара како еден од начините за амортизирање на штетите предизвикани од кризата.

April 13, 2020 11:30
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, КОВИД-19, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според досегашниот договор, првично ќе бидат мобилизирани околу половина трилион евра, поточно, 540 милијарди евра, како мешавина од кредити и гаранции, за да им се дадат евтини кредити на малите и средни претпријатија. Тоа претставува еден вид исплаќање пари за скратено работно време за сите вработени во целата ЕУ и гарантирање овозможен пристап на државите до 240 милијарди евра од Европскиот механизам за стабилност.

Секој кој барем малку ја познава Европската Унија, нејзината сложена структура и начин на функционирање, знае дека, сепак, земјите членки на крајот ќе постигнат некаков договор, особено кога тој им е потребен на сите. Токму затоа, изминатиот период критичарите на европската политика и економија ги впрегнаа сите расположливи средства и побрзаа да ги споделат своите прогнози со светот, за нефукнционалоста и неодржливоста на економскиот систем на Унијата.

Европска солидарност без географски бариери

Впрочем, тоа го потврдува и финансиската криза која започна во 2008 година, кога, како и сега, во Германија на власт беше голема коалиција под раководство на Ангела Меркел. Со цел да се заштити економијата, во буџетот за 2010 година беше планирано задолжување од 86 милијарди евра, кои на крајот на годината беа 44 милијарди евра, но во наредните три години беа додадени над 61 милијарда евра. И тогаш, како и сега, имаше негодувања и несогласувања, особено во однос на висината, но и начинот на којшто се враќаа овие пари. Сметката мораше да се плати, а ќе мора да се плати и оваа.

Финансиските кризи од вакви размери бараат огромни жртви, а тука товарот пред се паѓа на даночните обврзници. Сигурно дека во наредниот период ќе се повторат сликите од 2011 година и тоа многу подрастично. Ако кризата во Европската Унија се спореди со онаа во Соединетите Американски Држави каде првично се одобрија 2 трилиони долари, сумата од половина билион евра се чини дека не е ни далеку од доволна.

Простор за понатамошен договор сѐе уште има, а тој најверојатно ќе зависи од задолжувањето на останатите ЕУ земји. Всушност Создавањето на фондот за обнова на заедничките долгови е главната препрека околу која се сопнуваат ставовите на земјите членки. Доколку фондот за обнова не биде добро обмислен и спроведен контролиран извор на пари лесно може да прерасне во опасен инструмент.

Воведувањето на заеднички долгови може да го доведе Северот во ситуација во која трајно ќе ги кофинансира долговите на југот, што е многу поверојатно дека ќе доведе до распад на Унијата, отколку моменталните несогласувања.

М. Ивановска


Време е за солидарност, не за партиски препукувања!

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ