• Latest

Европски ден за заштита на личните податоци: Граѓаните да бидат одговорни кога ги објавуваат своите податоци

January 28, 2023
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Европски ден за заштита на личните податоци: Граѓаните да бидат одговорни кога ги објавуваат своите податоци

January 28, 2023 15:14
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните без оглед на возраста треба да бидат одговорни кога ги објавуваат или даваат своите лични податоци, апелираат од Агенцијата за заштита на лични податоци, укажувајќи дека бројот на злоупотреби секоја година се зголемува, пренесува МИА.

– Сите граѓани без оглед на возраста треба да бидат одговорни кога ги објавуваат личните податоци. Често гледаме како заради остварување на права, добивање на награди, кога аплицираат за нешто или за да одат на некое патување, со голема леснотија разменуваат свои податоци дури и слики и лични карти. За жал, некои од нив претрпеле или ќе претрпат парична загуба, нарушување на угледот и честа, дури и некогаш може да чини и нечиј живот. Затоа е потребно сите да се однесуваме одговорно во однос на нашите постапки, истакна Слободанка Славковска, виш супервизор од Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) при одбележување на Европскиот ден за заштита на личните податоци.

На 28 јануари секоја година се одбележува Европскиот ден за заштита на личните податоци, на годишнината од донесувањето на Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на личните податоци, првиот правно обврзувачки меѓународен документ во областа на личните податоци. Заштитата на личните податоци кај нас е гарантирана и со Уставот, а во февруари 2020 година беше донесен нов Закон за заштита на лични податоци. Целта на овој закон, покрај усогласување на националното законодавство со Општата регулатива за заштита на личните податоци (ГДПР) на Европската Унија, беше да одговори на предизвиците предизвикани од зголемената употреба на дигитални алатки во обработката на личните податоци.

Европскиот ден за заштита на личните податоци кај нас беше одбележан вчера, а властите и претставниците на ЕУ апелираа за доследно спроведување на Законот за заштита на личните податоци. АЗЛП, како што истакна нејзиниот директор Имер Алиу, се соочува и со недостиг на вработени.

АЗЛП ги потсети сите министерства и институции дека законските решенија и подзаконските акти што ги изготвуваат, треба да ги доставуваат и до нив за мислење.

На конференцијата организирана по повод Европскиот ден, Славковска посочи дека минатата година имало неколку законски решенија за коишто имаше негативни реакции во јавноста, а за коишто Агенцијата воопшто не била консултирана.

Во однос на нарушувањето на безбедноста на личните податоци, посебно кога се загрозени правата и слободата на граѓаните, Славковска исто така потсети дека сите контролори и обработувачи имаат рок од 72 часа од дознавањето на нарушувањето да ја известат Агенцијата и во одредени ситуации да ги известат и засегнатите граѓани.

За контролорите, односно имателите на податоците таа кажа дека при користење на новите технологии, контролорите треба да бидат одговорни и транспарентни кога обработуваат лични податоци.

– Сведоци сме дека наши сограѓани претрпеле материјална штета затоа што некој контролор се однесувал неодговорно и не применил соодветни мерки за заштита на личните податоци, посочи таа.

Граѓаните и правните лица можат да ги пријават повредите или злоупотребата на личните податоци преку веб-страницата на АЗЛП, која од неодамна има нова веб-страница изготвена со помош на ЕУ.

– Концептуално веб-страницата е поделена во два битни дела, едниот посветен на граѓаните, а другиот на контролорите. Во двата дела има понудено насоки. Конкретно, кај граѓаните како да си ги заштитат личните податоци во случај доколку се сомневаат дека им се злоупотребени, додека кај контролорите повеќе се насочивме на прашања поврзани со импелементација на Законот за заштита на личните податоци, рече Славковска.

На веб-страницата можат да се најдат примери од праксата и линкови од дополнителна литература поврзана со конкретната содржина – водичи, информатори и видеа. Веб-страницата содржи и обрасци и услуги што ги нуди Агенцијата.

– Кај контролорите на пример, покрај обрасците коишто се уредени и се предвидени со прописите за заштита на личните податоци предвидовме и дополнителни обрасци кои ги подготвивме во рамките на твининг-проектот. Многу наскоро ќе објавиме и нови обрасци, најави Србиновска.

Многу скоро ќе бидат објавени и анкети за различни актуелни прашања.

Преку веб-страницата одредени барања ќе можат да поднесуваат и граѓаните и офицерите за заштита на личните податоци, предвидени се и форми за самоевалуација.

АЗЛП наскоро ќе почне постапка за нова стратегија за работа за што на веб-страницата ќе биде упатен повик за учество до сите засегнати страни. 

 

Tags: европски дензаштита на лични податоциобработка на лични податоци
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ