Активист(к)ите на ЦИВИЛ денеска одржаа инфо-штанд посветен на промоција на европските вредности и интеграции, на улица „Македонија“ во Скопје.
На инфо-штандот, активист(к)ите на ЦИВИЛ во директна комуникација со граѓанките и граѓаните имаа можност да слушнат и споделат размислувања и ставови во однос на европските вредности, мултикултурализмот и недискриминацијата.