Активист(к)ите на ЦИВИЛ денеска одржаа инфо-штанд посветен на промоција на европските вредности и интеграции, на плоштадот „Македонија“ и во Старата скопска чаршија.
На инфо-штандот, тимот на ЦИВИЛ во директна комуникација со граѓанките и граѓаните имаше можност да слушне и сподели размислувања и ставови во однос на европските вредности, мултикултурализмот и недискриминацијата.
Теренските активности се спроведоа придржувајќи се на сите протоколи и препораки за заштита од Ковид-19.