• Latest

Европскиот суд за човекови права го отфрли барањето на 672 француски пожарникари против обврската за вакцинација

August 25, 2021

Почна новата академска година

October 1, 2026
Беџ на АНБ (фото: Архива на Слободен печат)

АНБ во акција против руска пропагандна мрежа: Институционална потврда на заканата на која ЦИВИЛ предупредува повеќе од една деценија

October 1, 2026
фото: Принтскрин АНБ

Македонски државјанин преку псевдо-портали ширел руска пропаганда и дезинформации, АНБ отвори истрага

October 1, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Постојана раскрсница која бара патоказ

October 1, 2026
Урсула фон дер Лајен (скриншот)

Фон дер Лајен во Скопје: Меѓу европските очекувања и условите на Мицкоски

October 1, 2026
ПОСЛЕДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ПОТПИС | Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ / Александар Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ во трка за премиер, студентите со сопствена листа, опозицијата во повеќе колони

September 30, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки на работ на хуманитарна катастрофа: Глад, блокада и пропаганда под руска окупација

September 30, 2026
Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, октомври 2025

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје: Мицкоски нуди дијалог, ЕУ останува на условот за уставни измени

September 30, 2026

(ИНФОГРАФИК) Двете точни бројки на Мицкоски и контекстот што го менува заклучокот

September 30, 2026

Пендрекот може да ја растури тезгата на Бит-пазар, но не и сиромаштијата

September 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Европскиот суд за човекови права го отфрли барањето на 672 француски пожарникари против обврската за вакцинација

August 25, 2021 15:28
in ВЕСТИ, КОВИД-19, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) денес, го отфрли барањето на 672 француски професионални и доброволни пожарникари против обврската за вакцинација против Ковид-19, која им е наметната со законот од 5 август 2021 година, јави дописникот на МИА.

-Судот оцени дека овие барања се надвор од опсегот на член 39 од неговите правила, што овозможува да се свика по итна постапка кога жалителите се изложени на „реален ризик од непоправлива штета“. Пожарникарите се повикаа на одредбите на Европската конвенција за човекови права кои се однесуваат на „правото на живот“ и „правото на почитување на приватниот и семејниот живот“.

Тие побараа од Судот да ја „суспендира обврската за вакцинација“ предвидена со законот од 5 август 2021 година во врска со управувањето со здравствената криза и, исто така, да ги суспендира „одредбите што предвидуваат забрана за вршење на нивната активност“ за оние меѓу нив кои „нема да ја исполнат обврската за вакцинација“, како и „прекинот на плаќањето на нивниот надомест“. Одлуката на ЕСЧП, донесена од формација од седум судии, сепак „не ги предвидува неговите последователни одлуки за допуштеност или за основаноста на предметите за кои станува збор“, прецизира судот.

Во соопштението за печатот, синдикатот на пожарникарите СУФ СДИС на почетокот  на август  инсистираше на фактот дека „не е против вакцината“, туку е против вакциналната обврска „многу лошо примена, вклучително и од веќе вакцинирани агенти“.

Ова е „прва европска пресуда за обврската за вакцина против КОВИД 19“, твитна адвокатот Никола Хервие, специјалист за ЕСЧП.

Предходно,  Судот во Стразбур, веќе има донесено одлука за случај во врска со обврската за вакцинација. Во април, повикан да се изјасни од чешки родители кои одбија да ги вакцинираат своите деца против детски болести, ЕСЧП оцени дека оваа обврска може да биде „неопходна во демократско општество“. Оваа пресуда, дури и ако не се однесува на вакцинацијата против Ковид-19, се смета за неуспех за противниците на вакцините.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ