• Latest

Европските партии потпишаа Кодекс на однесување на Евроизборите

April 9, 2024

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Европските партии потпишаа Кодекс на однесување на Евроизборите

April 9, 2024 14:53
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Девет европски политички партии денеска во присуство на потпретседателката на Еврокомисијата за вредности и транспарентност Вера Јоурова го потпишаа Кодексот на однесување на изборите за членови на Европскиот парламент закажани за јуни годинава, јави дописникот на МИА од Брисел.

– Оваа колективна посветеност на европските политички партии испраќа моќна порака до граѓаните: треба да го зачуваме интегритетот на изборите во Европа, нагласи Јоурова, која беше домаќин на церемонијата на потпишување.

Според неа, Кодексот ќе придонесе за зголемување на довербата гласачите во целокупниот изборен процес.

– Изборите треба да претставуваат терен за натпревар на идеи, а не за валкани манипулативни методи. Им честитам на партиите за нивната одлука да направат дополнителни напори во нивната посветеност на фер кампања, порача Јоурова.

Кодексот го потпишаа либералната Алијанса на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ), центристичката Европската демократска партија (ЕДП), еколошката Европската зелена партија (Зелени), демохристијанската Европската народна партија (ЕПП), групацијата на малцински и регионални партии Европската слободна алијанса (ЕФА), национал-конзервативната алијанса Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР), конзервативното Европското христијанско политичко движење (ЕЦПМ), екстремно левичарската Партија на европската левица (ПЕЛ) и социјалдемократската Партија на европските социјалисти (ПЕС).

Претставници на екстремно десничарската Идентитет и демократија (ИД) не присуствуваа на деношната церемонија, но партијата најави дека ќе го потпише Кодексот.

Со ставањето на својот потпис на Кодексот, европските политички партии се обврзаа на почитување на етичките и правните практики на изборната кампања во услови на растечката загриженост за интегритетот на изборните процеси ширум Европа под влијание на внатрешни и надворешни закани.

Со Кодексот потписниците се обврзуваат да го „охрабруваат инклузивниот политички дискурс“ и да се воздржат од „фабрикување, користење или ширење на дискриминаторски изјави и пристрасност против одредени групи врз основа на пол, расно или етничко потекло, религија или уверување, попреченост, возраст или сексуална ориентација“.

Партиите, исто. така преземаа обврска да се воздржат од објавување политички реклами спонзорирани од непријавени извори.

Кодексот е изработен од тимот на Јоурова и Меѓународниот институт за демократија и изборна помош (ИДЕА) во консултација со европските политички партии.

Повеќето од заложби во Кодексот на однесување се инспирирани од Препораката за инклузивни и одржливи изборни процеси во Унијата, која беше усвоена лани во декември во рамките на Пакетот за одбрана на демократијата.

Tags: ЕУ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ