Активист(к)ите на ЦИВИЛ денеска одржаа инфо-штандови посветени на промоција на европските вредности и интеграции, на скверот на „Партизанска“, кај зградата на „Службен весник“ и на „Плоштад Слобода“ во центарот на Скопје.
На инфо-штандот, активист(к)ите на ЦИВИЛ во директна комуникација со граѓанките и граѓаните имаа можност да слушнат и споделат размислувања и ставови во однос на европските вредности, мултикултурализмот и недискриминацијата.