• Latest

Фабриките за лаги и нивните жртви

August 13, 2019

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Фабриките за лаги и нивните жртви

Најчесто, жртви на медиумските напади се луѓе или групи што не си дозволуваат да го спуштат сопственото ниво на комуникација. Жртвите се обесхрабрени и од долгогодишната неказнивост на фабриките за црна пропаганда. Затоа, најчесто одбираат да ја игнорираат кампањата насочена против нив. Уште почесто, одговорот на жртвите, доколку решат да се бранат, не соодветствува на интензитетот на нападите. 

August 13, 2019 12:02
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Владата на Заев во ниеден момент не доби шанса да застане на здрави нозе и квалитетно да ги спроведе неопходните процеси. Најважните стратешки интереси на државата се под континуирана канонада од оние што во македонскиот успех гледаат сопствена пропаст. Правната држава не се ни воспостави, а веќе е растргната од медиумските хиени – војничиња на мафијашката Фамилија.

Додека сите се занимаваат со „Рекет“, да видиме што, всушност, се случува зад густиот чад на оваа афера што Фамилијата ја дегажира, користејќи ги инсталациите дома и поддршката од странство (Салвини, Орбан, Путин, Вучиќ…). Како што се приближува денот кога истекува мандатот на СЈО, блокирањето на законот за јавно обвинителство станува сѐ поважна карта за уцени во ракавот на Мицкоски. Тој е потпомогнат и од сите, помалку или повеќе познати, соработници на ВМРО-ДПМНЕ од редовите на сегашната владина коалиција. На нивна страна се клучни фигури во институциите, вклучувајќи го и Веховниот суд. Сите заедно, вредно работат на опструкција на процесот, меѓу другото и со одолговлекувањето на политичките преговори и (не) закажување на собраниската седница (на пример).

И никако да се научи лекцијата, дека интересот на „куририте“ и нивните стопани од Шампитата не е вистината и правдата, туку спасување на кожичката на Фамилијата по секоја цена. И враќање на власт (страховлада), се разбира. Фактите се замаглени, а вистината ја добиваме во микроскопско мали дози, замаглена од урагани од дезинформации и јавни „пресуди“ без судење. Ако на ова му ги додадеме нештата од првиот параграф на денешниот рафал, не е чудо што војниците на Фамилијата жнеат политички поени, за сега, прилично успешно.

Веќе подолго време е сосема очигледна врската и ланецот на команди во редовите на послушните верници и слуги на Фамилијата распоредени во помалите и поголемите фабрики за дезинформации и лажни вести и за сеење страв, омраза и поделби.

Троловите се како пуштени од ланец, ништо не пропуштаат. Како загари, само чекаат да се појави било што во медиумите или социјалните мрежи, за веднаш да нападнат. Без аргументи, како и секогаш.

Да не се заборави, лажните вести, омилената „играчка“ на Фамилијата, најчесто содржат факти од реалноста, нешто што навистина се случило, ама не баш така, а самата презентација е придружена со тенденциозни пораки и сугестии до конзументите (целта на манипулацијата).

Навидум контрадикторно, продуцентите на омразата и лажните вести имаат голема помош од самите жртви. Како тоа?

Одговорот е едноставен. Најчесто, жртви на медиумските напади се луѓе или групи што не си дозволуваат да го спуштат сопственото ниво на комуникација. Жртвите се обесхрабрени и од долгогодишната неказнивост на фабриките за црна пропаганда. Затоа, најчесто одбираат да ја игнорираат кампањата насочена против нив. Уште почесто, одговорот на жртвите, доколку решат да се бранат, не соодветствува на интензитетот на нападите.

На пионите на агитпроп машинеријата никогаш не им пречело да бидат глупави и неписмени, дури и тогаш кога го бранат македонскиот јазик. Срамот и одговорноста пред околината и јавноста се одамна збришани од листата на човечки вредности. Важно е да се исполни нормата и да се прави врева, не е важно како и за што. Мора да се остане максимално присутен, макар и со бескрајно повторување на истите лаги, истите примитивни и вулгарни пораки. Интернетот е практично бескраен простор кој може да собере сѐ. Колку и да звучи контрадикторно, количината на содржини, нека е и отпад, овозможува некаков облик на доминација.

Еднаш пласирани дезинформации и клевети, дистрибуирани од куририте, Сител, Канал 5, Алфа и друг човечки отпад од медиуми, пред некои од нив да сменат страна, сѐ уште се вртат во медиумите и социјалните мрежи. Тие клевети, навреди, суптилни и отворени повици на линч и ликвидации, сѐ уште се во партиските нотеси и оркестрирано се пласираат, во бранови за кои очигледно постојат планови и центри за продукција.

А јавноста често реагира, да ми простите, изненадувачки неписмено. На продуцентите на лажните вести и нивните ботови и тролови често им успева да доминираат како дистрибутери на замената на тезите. Тие, практично непречено, владеат во јавноста, медиумите и онлајн просторот. Агитпроп/медиумската машинерија го диктира темпото, ги изедначуваат, поточно, ги релативизираат фактите и ги насочуваат против оние што сакаат да ја прикажат реалноста каква што е. Во просторот што го освојуваат вбризгуваат невидено валкани и деструктивни пораки. Карактерот на содржините што ги пласираат е максимално манипулативен и ги поттикнуваат емоциите, воајеризмот и ниските страсти кај луѓето.

Организиран одговор на тоа нема. Останува на свеста, совеста и писменоста на „публиката“, што и да подразбира тоа, а најчесто подразбира – жртва. Секторите за односи со јавноста не можат и не смеат да си дозволат девалвирање на принципите по кои мора строго да се водат среде оваа валкана војна на зборови. Медиумите, од друга страна, гладни за видливост, не внимаваат на содржината, намерно или ненамерно. Потоа, сите се виновни, освен продуцентите на црната пропаганда.

„Магијата“ на лажните вести, меѓу другото, е и во тоа што ќе нападнат некого со дезинформации и лажни вести, а потоа на цел глас врескаат дека тој некој или тоа нешто (политичар, јавна личност, институција) се виновни за неуспехот да се справат со алармантните состојби во земјата. Некако, патем, се заборава да се проверат фактите, да се погледне во мотивите и крајната цел на кампањите со лажни вести. Нивниот континуиран атак е во стилот: правите кампања против гладта со тоа што ги обвинувате гладните затоа што не успеале да си набават храна.

Како дојдовме до ова? Одговорите се нижат, а еден од нив е неказнивоста. Владеењето на политиката пред владеењето на правото. Поголемата слика пред вредностите. Политичкиот пазар пред демократијата… Ах!

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share47TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ