Американскиот заменик-советник за национална безбедност Џон Фајнер денеска нагласи дека САД веруваат дека Иран е „многу вклучен“ во нападите на палестинската милитантна група Хамас, но САД во моментов немаат „директни информации“ што го поврзуваат Иран со нападите.
„Она што можеме да го кажеме сосема јасно е дека Иран во голема мера е соучесник во тие напади бидејќи му помага на Хамас со децении“, рече Фајнер.
Тој наведе примери за поддршката на Иран со испраќање оружје, обука и разни видови финансиска помош, јави Си-Ен-Ен.
Посочи дека САД ќе продолжат да ја следат ситуацијата на теренот.