“Смрт на фашизмот, слобода за народот”, одекнуваше во паркот “Жена борец”. Шарената револуција денеска беше во знакот на одбележувањето на 9-ти Мај, Денот на победата над фашизмот.
Илјадниците демонстранти, кои тргна од пред СЈО, со транспарент: “Анти фашизам. Вчера, денес, утре. Борбата продолжува”, продолжија кон Триумфалната порта која повторно беше обоена во боите на револуцијата.
Ликови на познатите македонски борци, учесници во Народно ослободителната борба, Стив Наумов, Страшо Пинџур, Кочо Раци,… беа дел од транспарентите кои ги носеа демонстрантите.
Потоа, придружени од анти-фашистичка музика, демонстрантите продолжија кон Жена парк, каде положија цвеќе на споменикот на паднатите борци.
Димче Најчевски професор во пензија, учителот Владо Димоски, професорот и член на СДСМ Петар Атанасов и Соња Стојадиновска од движењето „Солидарност“ се обратија кон демонстрантите кои го исполнија паркот и порачаа дека нема да дозволат „режимот да нѐ надвладеe”. Протестот заврши пред Собранието на РМ.
Марија Теговска