Петрит Сарачини, активист за човекови права и експерт за медиуми, на социјалните мрежи соопшти дека одлучил да ги избрише заедничките ФБ пријатели со еден политичар кој во своите објави го нарекува „Фашистот“. Откако неколкумина му забележаа дека претерува, тој се огласи со нова порака во која објасни повеќе околу својата одлука.
Сум допрел многу луѓе со најавата дека ќе ги бришам заедничките пријатели со фашистот. Но најмногу допрела мојата најава за јавно именување на другарчињата на фашистот. Сум претерал велат. Се согласувам. И имам објаснување зошто:
Фашистот претерува со години, стотици луѓе и нивни семејства се јавно блатени и плукани со години без докази, молчите. Ви пиша дека ќе ги стрела сите, море и на телевизија повтори кога го прашаа да се објасни – вие молчите.
А јас уште непочнат, сум претерал. Се согласувам. Претерувам, кога со нешто одамна се претерало, а вие се однесувате како да не сте од тука. Алармот допира до вас, но не ве буди, дури ни кога е прегласен.
Туку ајде, еве едно компромисно решение. Ќе се откажам од јавно „спружување“ на моите ФБ пријатели кои се другари и со фашистчето. Зошто би ги срамел дека другаруваат со фашисти? Па тие тоа навистина не го заслужуваат. Сигурно имаат некоја многу добра причина зошто се ФБ другарчиња со фашистчето, та кој сум јас да им расипувам калимера?
А и зошто да и вршам работа на една анестезирана јавност? Кој сака, нека го посети профилот на фашистот, и нека види кои се неговите заеднички пријатели со ликов. Секој од нас може да си ја заврши својата работа и да си го зачисти својот двор и тајмлајн.
Затоа, сите тие 250 и кусур заеднички пријатели, уште вечерва ќе ги избришам од мојата листа на пријатели. Сметам дека имале доволно време да дознаат за типчево и неговите вредности.
Ако се прашаат зошто ги снемало од листата на моите пријатели, јасно да знаете, тоа е оти сте другарчиња со фашистчето. А ние можеме повторно да станеме пријатели. Но, откако ќе се отпријателите со фашистите. Ќао и видимо се! ?