• Latest

Фаталната привлечност на балканската Казабланка

November 29, 2018
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Фаталната привлечност на балканската Казабланка

November 29, 2018 10:46
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Бесмртниот холивудски хит „Казабланка“ го слика животот на овој голем северноафрикански пристанишен град во кој, за време на Втората светска војна, се води пресметка меѓу разузнавачите од безброј матни структури, колку возбудлива, толку и брутална. Тоа е град во кој голем број бегалци од нацистичкиот прогон го наоѓаат своето засолниште, а во него се и зачетоците на францускиот отпор. Беше и остана град познат по шпионажата. Но, по својата жестина и крвави заплети и расплети, реалноста далеку ја надминува сликата што ја претставува филмот „Казабланка“ со холивудските икони Хемфри Богарт и Ингрид Бергман.

Џабир Дерала

Шпионските кујни и нивните жртви

Скопје овие години е своевидна балканска Казабланка. Безброј интереси се испреплетуваат на ова кутро парче земја. Западот и Истокот секогаш се среќавале (и судирале) на оваа живописна раскрсница, а тие средби имале и имаат безброј крвави исходишта.

Историјата, сегашноста и иднината секојдневно се претвораат во лаги и бајки што се смислуваат во остро спротивставени кујни на политичкото и безбедносното подземје. Довчерашни лути непријателства се претвораат во привремени сојузништва, за да завршат со подмолни неверства. И сѐ така во вртоглава и неизвесна спирала што невидливо влијае на судбината на целата земја.

Лесно е да се стане плен и жртва на разузнавачките (шпионските) операции. Секој што е на било кој начин вклучен во општествениот или во политичкиот живот, во медиумите или во културата, во бизнисот или во криминалот, може да стане, некогаш и не знаејќи и не сакајќи, жетон во шпионските игри. Кога жртвите ќе сфатат што им се случува, обично е предоцна. Им преостанува само да продолжат со играта.

Фатални привлечности

Последиците се неретко фатални. Пари секогаш има да се покрие една или друга потреба на луѓе што западнале во очајна ситуација, а потоа да станат запчаник во големите апарати што неуморно работата во длабока конспирација.

Љубовни афери, хетеросексуални и хомосексуални, сеедно, кумско-ортачки врски, бизниси и лав-ми-тендер акробации, латасовско новинарство, „хуманитарни“ акции, „ботокс естрадата“ и безброј други фатални привлечности и заговори му даваат посебен „шмек“ на скопското подземно секојдневие.

На обичниот „минувач“ низ лавиринтите на комплицираните заговорнички операции сево ова му изгледа хаотично и нелогично. Но, тоа е целта на кујните во кои со коваат конспирации се плетат и разни легенди, спинови и лажни вести. Тие постојано ѝ даваат силно зачинета храна (но, не и вода) на жедната и збунета јавност, а кога ќе влезат во јавниот сообраќај, спиновите и лажните вести неконтролирано растат и само им помагаат на „готвачите“ да останат во длабоките сенки на анонимноста.

Големите дупки во „швајцарското сирење“ на безбедноста

И кога на сето ова ќе му додадете дека комбинацијата од крајно корумпирани делови на медиумската сфера и безбедносниот систем што претходната власт го претвори во швајцарско сирење (она со големи дупки) – не е тешко да заклучите дека Скопје навистина е своевидна балканска Казабланка чија фатална привлечност го контаминира животот на обичниот човек.

Мора да се биде крајно претпазлив кога се консумираат медиумските содржини во кои се вткаени безброј пораки и информации што може, иако не мора, да се дел од поголема операција. Истото се однесува и на валканото, мочурливо боиште на социјалните мрежи. „Добронамерни“ советници во кафеана секогаш имало, а во денешно време ги има и премногу. Дел од нив и немаат поим што прават кога лиферуваат информации од „доверливи“ извори.

Гордиевиот јазол во кој се заплеткани безбедносните структури на Македонија не е лесно да се разврзе, а удар со меч е невозможен. А и да е можен, тој само дополнително ќе ја заплетка целата работа. Со брзи чекори, решително и транспарентно разрешување на сите афери, праведно постапување и рехабилитација на жртвите на политички прогон и „безбедносните обработки“ на луѓето е единствениот лек. Или барем еден од пожелните лекови… Без одложување.

Часовникот во Казабланка отчукува многу побрзо отколку во останатиот дел од светот. Животот никогаш не е тоа што се чини на прв поглед. Исто како што е и оваа колумна.

 

 


Преземање на содржините од оваа рубрика е ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Авторот го нацрта: Игор Стевковски

Илустрација во прилог на текстот: постер од филмот „Казабланка“

Share31TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ